"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
:)

Е шо е поразличен Дајслер од сите останати "заборавени" играчи шо се спомнати?
Ако грешам нека изгорам. :D


Дајслер е пензионер. И ако гледаш повеќе од 3 страни, гледаш дека сите сме се бунеле што ставаат пензионирани фудбалери. Заборавени се дефинира со текот на темата, каде што се оформи дефиниција дека заборавен е фудбалер за некој кој се велело дека ќе има голема кариера или имал моментален блесок и наеднаш го снемало. Значи збориме за фудбалери како Тимо Хилдербран, голманот на Штудгард кој беше најдобар во Бундес лигата, а сега го нема никаде или пак за Жереми Алиадер, едно време наголемо озборуван талент на Арсенал. Дајслер сите знаеме дека се пензионира по повредите кои психолошки му влијаеа. Ако збориме за фудбалери како Дајслер, тогаш треба да го споменеме и Роналдо, кој се пензионира во Бразил. Сфаќаш на што мислам?
 
Незнам дали некој се сеќава на Мигел Торес,играше пред 5-6 години во Реал Мадрид и заедно со Рамос ги најавуваа како нова генерација на одлични одбранбени фудбалери...после тоа неам појма шо се деси со него,сеа го гледам игра во Гетафе. Исто така незнам дали ви текнува и на Емануел Кулио,играше во Клуж пред некоја година во Лига на шампиони им беше најдобар играч и стрелец,па и големи тимови беа заинтересирани за него :D
 
Рикардо Кварезма се најавуваше како голем талент заедно со Кристијано,но не успеа во Барса,подоцна појде во Порто каде беше одличен и ојде во Интер каде не покажа ама баш ништо.Знам едно време беше во Бешикташ,а сега не знам каде е.Можеше да биде врвен играч од типот на Роналдо,ама не бидна ништо.
 
Ибраим Афелај. Еден од вечните таленти и пропаднати трансфери на Барселона. Следнава сезона ако не си ја врати формата од ПСВ онда и он ќе биде уште еден од многуте "Кварезма играчи"
 
Ибраим Афелај. Еден од вечните таленти и пропаднати трансфери на Барселона. Следнава сезона ако не си ја врати формата од ПСВ онда и он ќе биде уште еден од многуте "Кварезма играчи"

Дојде во Барселона во јануари 2011та. Значи 2010-11 добиваше одредена шанса, сепак не знаеше ни јазик ни ништо. Кога се очекуваше најмногу од него, наредната сезона 2011-12, уште во септември 2011 на тренингот скина лигаменти и се врати дури во мај 2012та. Со неиграна цела сезона, не му дадоа доверба(според мене, неоправдано) за наредната 2012-13 и го пратија на позајмица во Шалке.
Што ке стане со него, ќе видиме наредната сезона.
 
Diego Capel-2011-2.jpg

Diego Capel,беше најавуван како новиот Меси,имаше добри партии во Севиља,гледам сеа играл во Спортинг,има 25 години само,може и ќе си ја врати формата..
 
Прегледај го приврзокот 67887

Diego Capel,беше најавуван како новиот Меси,имаше добри партии во Севиља,гледам сеа играл во Спортинг,има 25 години само,може и ќе си ја врати формата..
Кое чудо баш истото сакав и ја да го пишам коа влегов на темата :LOL: Дури и делот "беше најавуван како новиот Меси " сакав да си го пишам...
 
Можете да препознаете кој е ? :)

tonysylva.jpg



Гледам доста споменуван играч во темава е Милан Барош.
Денес како слободен играч потпишал за Анталијаспор...
Не е толку лош играч да игра во такви тимови. А пак не е ни многу стар.
 
Не знам дали е досега споменат на темата, Перица Огненович.

Неверојатен фудбалски талент, но никаква психологија, плус многу лош менаџмент на неговата кариера. Чуда можеше да направи со топката, веројатно еден од надобрите дриблери евер. Потпиша за Реал Мадрид, што се испостави дека е преголем залак за него. Не успеа да се наметне таму, ова беше во годините кога Раул палеше и гаснеше во Реал. Потоа ако не се лажам играше во Кајзерслаутерн, па замина на далечниот исток.

Верувам дека ако потпишеше за некој помал европски клуб, и постепено ја градеше кариерата, ќе беше мега звезда...
 
Имаше еден млад швајцарски напаѓач, кој беше најмладиот стрелец на сите Европски Првенства, едно 24 часа, кога тој рекорд го скрши Вејн Руни на ЕП во Австрија и Швајцарија. Тоа беше Јохан Вонлантен, кој беше споменуван како голем талент после тоа ЕП, но ништо од тоа. Моментално игра во лигата во Швајцарија, во Грасхоперс.
 
Давид Одонкор
Страшно брз играч беше. Најголемиот дел од кариерата го помина во Дортмунд и Бетис.
Моментално настапува за Ховерла (Украински тим)

Шунсуке Накамура
Јасно ви е за кого станува збор. Беше одличен изведувач на слободни удари.
Најмногу се прослави во Селтик.
Моментално настапува за тимот каде што ја започна кариерата, Јокохама Маринос.

...и двајца фудбалери, лани пензионирани

Торстен Фрингс
Најголем дел од кариерата помина во Вердер Бремен, а го носеше дресот и на Баерн Минхен и Борусија Дормунд.
Како и голем број други фудбалери, замина за Америка (во Торонто), и полека влегуваше во заборавените играчи.

Стефан Апија
Фановите на Јувентус сигурно го паметат. Играше некоја сезона таму.
После тоа смени неколку локации, на крај да ја заврши кариерата во Војводина.
Многу неочекуван трансфер беше за мене :)
 
Не знам колку е за во темава ама имаше еден добар Уругваец што играше во Шпанија кога во сообраќајка ја изгуби ногата и мораше да се пензионира, ви текнува како се викаше?
 
Не знам колку е за во темава ама имаше еден добар Уругваец што играше во Шпанија кога во сообраќајка ја изгуби ногата и мораше да се пензионира, ви текнува како се викаше?


Дарио Силва, ж'т беше офарбан
 
Торстен Фрингс
Најголем дел од кариерата помина во Вердер Бремен, а го носеше дресот и на Баерн Минхен и Борусија Дормунд.
Како и голем број други фудбалери, замина за Америка (во Торонто), и полека влегуваше во заборавените играчи.


Далеку од заборавен е Фрингс. Настапи за Вердер(кога играше за нив беа една од појаките екипи во бундес) Дортмунд и Баерн. 79 настапи и 10 голови за Германија. Настапи на СП 2006 И ЕП 2008. Има освоено куп и лига. Играч од средниот ред е, на 35 години замина да игра во Америка, нема да замине во јак клуб од Европа.

Голот против Костарика

Најавувани како големи таленти кои не го исполниле очекуваното треба да се пишува тука, а не за играчи кои се пред пензионирање.

Жереми Алиадиер, Ле Талек, Павон(од Реал М.), Фреди Аду, Славковски, Денилсон(оној што беше во Арсенал).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom