"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали некој се сеќава на гркот Ангелос Харистеас, еден од хероите на јужните на ЕУРО 2004.
http://en.wikipedia.org/wiki/Angelos_Charisteas

Знам како го пцуеја него, а и управата на Феенорд, кога беше доведен како “замена“ за феноменалниот Дирк Кујт.
Многу од неговата исфорсирана генерација се изгубија.

Сеитаридис, на пример.

Кога сме кај Грциве, ми текна на Швајцарски Турчин шо се изгуби.

Хакан Јакин. :icon_mrgr:
 
Рафа маркез ;)
Ало, нели ја разбираш темава или што е работа?
Заборавени играчи, а не играчи у пензија или играчи што на крајот од кариерата отишле на печалба у Америка, Азија....
 
Valeri Bojinov, се сеќавате на човекот? У Лече играше, имаше одлични сезони! Главен играч беше таму. Потоа замина во Фиорентина, немаше некоја кујзнае каква сезона... па у Јувентус отиде една година... ама ништо не бидна од играчов.
 
Ало, нели ја разбираш темава или што е работа?
Заборавени играчи, а не играчи у пензија или играчи што на крајот од кариерата отишле на печалба у Америка, Азија....
Прочитај погоре каков пост имам пишано после петели се овде .
Маркез на 30 години замина од барса тоа не е претешка старост според мене.Ако гледаш така да пишуваме само таленти кои не успеале да прераснат во фудбалери , оти 90% од играчите во темава се такви.
 
Адриано- играше во Парма, правеше попара па замина во Интер, играше добро неколку сезони и наеднаш се изгуби. Толку моќен играч и со таква левица до сега немам видено.
 
Адриано- играше во Парма, правеше попара па замина во Интер, играше добро неколку сезони и наеднаш се изгуби. Толку моќен играч и со таква левица до сега немам видено.
Страшен играч беше, во дресот на Интер и во репрезентацијата на Бразил.
Откако во 2008-09 некаде западна во криза, си замина од Интер во Бразил, па после 1-2 години повторно се врати во Италија, го купија Рома, но беше тотално вон форма, се имаше и здебелено и имаше над 100 кг. Од тогаш му се губи секоја трага. :D
 
Кога сме кај Грциве, ми текна на Швајцарски Турчин шо се изгуби.

Хакан Јакин. :icon_mrgr:

Не знам кој беше дали тој или брат му Мурат се пензионираше во Базел како легенда.
Се мислам Мурат беше од причина што беше одбранбен и капитен на Базел.
Овој Хакан ако беше напаѓачот ми текнува кога играше за Штутгард.

Само да проверам дали некој го спомна бразилецот Мансини од Интер? Во Рома експлодира, го замени Кафу исто во репрезантацијата на Бразил и се тепаа сите клубови кој да го земи, на крај да заврши во Интер и потоа го снема.
 
^ Мислам дека е в затвор тој, силувал некоја или така нешто.
 
Да бе и тој Кварежма, требаше боље од КР да е :)
 
Се' ќе ми текне на Алберто Џилардињо. Како млад знам, сам го носеше на грб тимот на Парма. Две-три сезони по ред постигнуваше по околу 30 голови во Серија А, ги вадеше од невозможни ситуации во завршните кола во борбата за опстанок, а една сезона знам дотуркаа и до 1/4 финале во Куп на УЕФА со него. Се сеќавам посебно јако му лежеа ножичките, бајаги голови даде на тој начин. Го најавуваа како идна голема ѕвезда на италијанскиот фудбал.

Потоа во најдобрите играчки години премина во Милан - и толку. Не знам дали моментот не му се погоди, Шева беше во животна форма тогаш, Инзаги добиваше солидна минутажа, а и Креспо знам еден период беше таму (на позајмица ако не се лажам). Едноставно не успеа никако да се наметне во првиот тим, формата драстично му падна, можеби и некоја повреда завлече, го шитнаа од репрезентацијата и толку беше од него. По лошата авантура во Милан, знам премина во Фиорентина. А сега гледам настапува за Џенова.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom