"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Жунињо го напушти Лион на 32/33год. и од тогаш па наваму ретко кој го гледал па затоа и го ставив во заборавени играчи.
Инаку Креспо изигра солидна сезона со Парма незнам зошто е ставен тука плус има 36 години...
 
креспо скоро цела кариера е или во италија или во англија
 
Хуго Алмеида?Или така нешто?Знам дека имаше пар добри сезони, како што ми текнува аргентинец беше, се вклапаше со Верон..
 
Хуго Алмеида е португалец.
 
Alexey Smertin ... Го знам дека отиде во Челзи како големо засилување и наеднаш човеков пропадна во земја ... Сега случајно ми текна на него и погледнав на wikipedia , гледам во Фулам бил ама никогаш после Челзи немав слушнато за него ...
 
Хуго Алмеида?Или така нешто?Знам дека имаше пар добри сезони, како што ми текнува аргентинец беше, се вклапаше со Верон..

матијас алмеида беше тој последно што знам беше дека потпишал некаде во норвешка сега е тренер на ривер.
 
матијас алмеида играше во лацио па во 2000 отиде во парма како дел од трансферот на креспо
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Ivan_Rakitić На Европското 2008 имаше добри партии за Хрватска и тоа лето беше една од поголемите трансфер цели на клубови како Милан,Челзи,Јуве итн , но заврши во Севиља во последниот зимски преоден рок. Исто така претходно играше за Шалке и беше стандарден првотимец, но не знам зашто го продадоа.
 
Ако овој е заборавен не знам кој не е.Па дечкото има 23 години,едно од најдобрите засилувања во Шпанија беше минатиот преоден рок.Мислам дека договорот со Шалке му истекуваше,беше еден од подобрите играчи,но не и незаменлив,а им требаа пари, па го продадоа.Игра одлично во Севиља,а тоа не е баш мал клуб.Направи чекор напред бидејќи Шалке им се пторефи да изигра неколку добри утакмици во ЛШ,во Германија беа права брука.А ни сега не се брилијантни.Иначе се повреди пред некој месец,задњите неколку кола,па тек сега треба да се врати пак.
 
Па ги има многу во моментот ми текна на Њуно Гомеш страшен напаѓач беше а цел живот го помина во Бенфика , Педро Паулета, потоа Емре Белозоглу, Клеберсон, па можам да кажам па дури и Балотели таков талент а зелка во главата сам се уништува итн.
 
Мислиш на Марселињо што беше во Херта? Добар играч беше тој, после мислам замина во Трабзонспор па се врати во Бразил или така нешто. И добар човек, имаше емисии за него како секоја година давал добри донации во местото каде живеел како дете, организирал натпревари итн итн...
 
да да на тој мислам..играше и во Wolfsburg :)
 
Christoph Metzelder

Дечкото имаше прекрасна кариера во Германија и се најавуваше како столб во Реал мадрид ама повредите го направија своето.
Исто и со Johnathan Woodgate, Никогаш не се искажаа во највисоко ниво.

Owen Hargraves

Уше еден играч кој парче правеше во Баерн и замина како слободен играч во Манчестер У. ама никогаш не доигра една цела утакмица (освен првата сезона).
Последно шо знам за него е дека сакаше да се врати во Канада да игра за неговиот матичен клуб
 
Ќе игра за ВБА најверојатно нареднава сезона. Настрана проблемите, ѕверотина од играч.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom