Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Од која аптека го имаш купено?
Боб, 50 аптеки и маркети сигурно поминуваш покрај нив дневно.
Толку те мрзи да влезеш и да видиш цена?
Дај малце поозбилни теми кажете.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Абе па ти, колку да се праша нешто, не дека му треба или пак ќе купи.
 
Неколку пати гледам по темиве за здравје како пишуваш дека тролам, лажам или пишувам нешто колку да пишам, што воопшто не е точно. Прашувам за конец каде има, кој е добар и која цена е, затоа што ми треба, а непцата и покрај сите пасти, четки за заби, сите испиени Витамин Ц, повторно ми крварат. Еве кога ќе го купам ако треба и ќе ти го сликам, само нема потреба од предрасуди и омаловажување кон друг.
 
Неколку пати гледам по темиве за здравје како пишуваш дека тролам, лажам или пишувам нешто колку да пишам, што воопшто не е точно
Или тролаш или си хипохондрик невиден, не е секојдневно млад човек како тебе од 365 дена во годината, 360 прашања да има за нешто поврзано со здравје. Само аман немој темава за забиве да ја правиш како ДК и масажите, ако те трпи таму Донев, тука ние не.
 
Krslivi ke bides ko princeza nisto ne smees da zagrizes racunaj vistinskite luminers se 0.3 mm debeli a i se poskapi.
 
A за безметални CAD-CAM коронки? Вреди ли да стружам здрав заб? И колку траат?
 
Прашувам за конец каде има, кој е добар и која цена е, затоа што ми треба.
Да ти кажам користам сега конци Lacalut иOral B и предобри ми се.
Види у аптеките,цена не можам да ти кажам,моите ми се от заболекарот поклон;)
Поз.
 
Здраво. Пред точно 11 дена вадев умник оперативно, од долната вилица. Самото вадење како така помина, но после се случи страшен оток и болки. Ми кажаа да пијам антибиотик, дека ќе почнел да делува од третиот ден. Чекав три дена, умирав од болки, третиот ден отокот стана толку голем што изгледав страшно човек да ме погледне. Стоматологот ме прати кај матичната за инекции. 5 дена примав инекции дексазон со нелорен, после инекциите продолжив со серапептазето за оток, и ровамицин уште 5 дена. Еве веќе две недели скоро, отокот ми помина, но имам како едно тврдо кружно внатре, не знам што, што го чувствувам кога си ја допрам таа страна, и тоа никако да помине. Ги прашував и докторите ми викаат ќе ти помине а не знаат да ми објаснат всушност што е тоа и зошто така. Некој овде да знае да ме советува?
 
Можно да е реакција на некој лимфен јазол поради големото воспаление што си го имала.
Ако е тоа земи една доза химорал форте и ќе биде ок.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Неколку пати гледам по темиве за здравје како пишуваш дека тролам, лажам или пишувам нешто колку да пишам, што воопшто не е точно. Прашувам за конец каде има, кој е добар и која цена е, затоа што ми треба, а непцата и покрај сите пасти, четки за заби, сите испиени Витамин Ц, повторно ми крварат. Еве кога ќе го купам ако треба и ќе ти го сликам, само нема потреба од предрасуди и омаловажување кон друг.

Витамин Ц се пие 3x на ден по 500мг најмалце, под тоа џабе го пиеш. А може и да имаш дефицит на А витамин (не бета каротен) како и на D3.
 
Можно да е реакција на некој лимфен јазол поради големото воспаление што си го имала.
Ако е тоа земи една доза химорал форте и ќе биде ок.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
И колку време ќе трае тоа така? Јас пиев, болка немам никаква, туку ми стои така како тврда топка во жлебината кога го допрам, а од другата страна не ми е така.
 
Што пиеше?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Ровамицин пиев доста долго време. Сега само жабуркам чај од кантарион и мачкам со кантарионово масло. Инаку можно ли е да има нешто останато од умникот? Јас го видов забот, цел беше, плус веќе доста време помина откако го извадив, ако има нешто поопасно би требало да има некои симптоми нели? Не знам ама ете ме мава малку психата, ме мачи ова што не ми мине и кога допрам со прст на местото има како нешто тврдко одвнатре..
Сега овие денови морам и другиот да го вадам исто оперативно и многу ми е страв. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom