Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво.
Дали некој може да ми ја објасни целата процедура за вадење на умници и поставување на метална или порцеланска портеза т.е. Каков вид на заболекар/специјалист е потребен за двете? Дали се прави прво преглед и снимања на забите и мораш да чекаш резултати или ако си закажеш термин можеш веднаш? Дали треба да се чека многу време за откога ќе се извадат умниците да се постави фиксна портеза?
Дали се на приватно или со плави картони и колку чини за двете ако знаете?
Ако е потребно специјалист, дали некој има искуство со добар доктор во Скопје (контакт број, web страна, email)?
Прашувам, бидејќи не сум во Македонија моментално, а морам да знам колку време одприлика ќе ме фати целата процедура.
Благодарам однапред
 
Последно уредено:
Екстракција на умник - најчесто кај орален хирург. Ако е релативно лесен случај мислам дека и матичниве стоматолози ќе го истает.
Фиксни протези - Ортодонција. Само незнам како би ги ставил нив во Македонија а живејш во странство зошто морат еднаш неделно да се ојт на контрола и затегање на жиците.
 
Луѓе дај ве молам помагајте веќе неколку месеци сум со овој проблем. Забен камен имам исчистено, поправив расипани заби. Непцата секогаш ми реагирале на студено, но не како сега откако ги направив сите. Премногу реагираат дури и водата да не е студена и не можам да ја издржам некогаш таа остра болка. Користам органско кокосово масло 20 минути на ден пред да легнам, но ништо не помага. На стоматолог ми рекоа од надвор се е добро значи проблемот е некаде внатре. Не знам веќе каде да се обратам.
 
Здрава исхрана друже. Многу минерали и витамини растворливи во масло (А, Д, Е).
 
Луѓе дај ве молам помагајте веќе неколку месеци сум со овој проблем. Забен камен имам исчистено, поправив расипани заби. Непцата секогаш ми реагирале на студено, но не како сега откако ги направив сите. Премногу реагираат дури и водата да не е студена и не можам да ја издржам некогаш таа остра болка. Користам органско кокосово масло 20 минути на ден пред да легнам, но ништо не помага. На стоматолог ми рекоа од надвор се е добро значи проблемот е некаде внатре. Не знам веќе каде да се обратам.
Дали стоматологот ти направи панорама? Така може да се види ако се има нешто што не се гледа од надвор.

Здраво.
Дали некој може да ми ја објасни целата процедура за вадење на умници и поставување на метална или порцеланска портеза т.е. Каков вид на заболекар/специјалист е потребен за двете? Дали се прави прво преглед и снимања на забите и мораш да чекаш резултати или ако си закажеш термин можеш веднаш? Дали треба да се чека многу време за откога ќе се извадат умниците да се постави фиксна портеза?
Дали се на приватно или со плави картони и колку чини за двете ако знаете?
Ако е потребно специјалист, дали некој има искуство со добар доктор во Скопје (контакт број, web страна, email)?
Прашувам, бидејќи не сум во Македонија моментално, а морам да знам колку време одприлика ќе ме фати целата процедура.
Благодарам однапред
За процедурата на вадење осмица неможам многу да те информирам, од проста причина што и не сум многу упатен во тоа, но знам дека постојат различни процедури на вадење кога забот е легнат/хоризонтално поставен и кога тој е исправен, т.е. во нормална положба.

Што се однесува до протезата, прво се прави панорама, па од неа се согледува исто така што треба да се поправа. По панорамата, расипаните заби се поправаат, забите кои треба да се вадат се вадат, се чисти забниот камен и се планира протезата. Забите ќе ти ги измијат/ичистат, ќе ти ги исполираат, ги премачкуваат одозгора со една течност и потоа врз нив ги лепат брикетите чија положба се одредува мерејќи. Врз брикетите се поставува жица/метален лак и потоа врз брикетите се ставаат ластичиња/гумички. Првите две недели едвај ќе јадеш и гризаш од болки, но потоа ќе ја навикнеш протезата. Треба добро одржување хигиена, редовно одење на контрола за промена на лакот/жицата и гумичките, како и користење на интердентални ластичиња/гумички во текот на третманот. А колку што се информирав протезата оди само на приватно, не може со плави картони.
 
Последно уредено:
Луѓе дај ве молам помагајте веќе неколку месеци сум со овој проблем. Забен камен имам исчистено, поправив расипани заби. Непцата секогаш ми реагирале на студено, но не како сега откако ги направив сите. Премногу реагираат дури и водата да не е студена и не можам да ја издржам некогаш таа остра болка. Користам органско кокосово масло 20 минути на ден пред да легнам, но ништо не помага. На стоматолог ми рекоа од надвор се е добро значи проблемот е некаде внатре. Не знам веќе каде да се обратам.

Цинк + Ц + А витамин ќе ти помогнат многу, за А витамин најдобро да земеш а + д3 од зегин и да пиеш по 3x на ден, 1 после секој оброк. Исто така б комплекс од крка, и масло од каранфилче/оригано од Биокулт, по 1 капка од двете во лажица кокосово, и мучкај едно 10 минути.
 
Те боли гингивата или непцето? И цела гингива/непце или само на одредено место? Да не осеќаш болка од некој заб, а да те буни локацијата на болката?
 
za gingivitis ili pak paradentoza, konecot, c vitaminot i opsto oralnata higiena povise sluzat kako prevencija a koga vekje e nastanat problemot ofc deka treba da se poseti zabolekar.
 
Цинк + Ц + А витамин ќе ти помогнат многу, за А витамин најдобро да земеш а + д3 од зегин и да пиеш по 3x на ден, 1 после секој оброк. Исто така б комплекс од крка, и масло од каранфилче/оригано од Биокулт, по 1 капка од двете во лажица кокосово, и мучкај едно 10 минути.

Кажи ми овие цинк, А и Ц одат заедно или секој витамин е посебна таблета?
 
Посебно, А + Д3 идат заедно. А ц-то и цинк-от се посебни. Барај цинк цитрат ако имаат.
 
Екстракција на умник - најчесто кај орален хирург. Ако е релативно лесен случај мислам дека и матичниве стоматолози ќе го истает.
Фиксни протези - Ортодонција. Само незнам како би ги ставил нив во Македонија а живејш во странство зошто морат еднаш неделно да се ојт на контрола и затегање на жиците.
Благодарам! Дали имаш познавање од добар орален хирург и ортодонција во Скопје и како се движат цените одприлика? Во странство е премногу скапо, за вадење на еден умник е некаде 400-800евра, а за протеза да не зборувам 7-12000евра. Јас не сум од Скопје, но би патувал бидејќи во помалите градови потешко би нашол хирург и ортодонција. А за контрола се надевам дека не е еднаш неделно, туку еднаш месечно бидејќи е околу 50евра од термин каде што сум моментално во странство.[DOUBLEPOST=1487266288][/DOUBLEPOST]
Дали стоматологот ти направи панорама? Така може да се види ако се има нешто што не се гледа од надвор.

За процедурата на вадење осмица неможам многу да те информирам, од проста причина што и не сум многу упатен во тоа, но знам дека постојат различни процедури на вадење кога забот е легнат/хоризонтално поставен и кога тој е исправен, т.е. во нормална положба.

Што се однесува до протезата, прво се прави панорама, па од неа се согледува исто така што треба да се поправа. По панорамата, расипаните заби се поправаат, забите кои треба да се вадат се вадат, се чисти забниот камен и се планира протезата. Забите ќе ти ги измијат/ичистат, ќе ти ги исполираат, ги премачкуваат одозгора со една течност и потоа врз нив ги лепат брикетите чија положба се одредува мерејќи. Врз брикетите се поставува жица/метален лак и потоа врз брикетите се ставаат ластичиња/гумички. Првите две недели едвај ќе јадеш и гризаш од болки, но потоа ќе ја навикнеш протезата. Треба добро одржување хигиена, редовно одење на контрола за промена на лакот/жицата и гумичките, како и користење на интердентални ластичиња/гумички во текот на третманот. А колку што се информирав протезата оди само на приватно, не може со плави картони.
Благодарам! Ако имаш повеќе детали и нешто да додадиш слободно пиши. Дали познаваш некој што е добар за поставување на протеза во Скопје?
 
Последно уредено:
Благодарам! Дали имаш познавање од добар орален хирург и ортодонција во Скопје и како се движат цените одприлика? Во странство е премногу скапо, за вадење на еден умник е некаде 400-800евра, а за портеза да не зборувам 7-12000евра. Јас не сум од Скопје, но би патувал бидејќи во помалите градови потешко би нашол хирург и ортодонција. А за контрола се надевам дека не е еднаш неделно, туку еднаш месечно бидејќи е околу 50евра од термин каде што сум моментално во странство.[DOUBLEPOST=1487266288][/DOUBLEPOST]
Благодарам! Ако имаш повеќе детали и нешто да додадиш слободно пиши. Дали познаваш некој што е добар за поставување на портеза во Скопје?
На приватно околу 2500-3000 ден. од умник, а протезите 300 евра една метална, а порцеланска 400 евра.

Тие се цените кај нас во Струмица, во Скопје може да биде за малку поскапо.

П.С Не се вика пОртеза, туку пРотеза. :D
 
Како бе контрола еднаш неделно па и затегање на жиците еднаш неделно, измачување бетер Гвантанамо. :icon_mrgr: Да не мислеше еднаш месечно @macedon89
 
Благодарам! Ако имаш повеќе детали и нешто да додадиш слободно пиши. Дали познаваш некој што е добар за поставување на портеза во Скопје?
За цената би ти кажал дека е од 200 евра, па нагоре за метална протеза и 300 евра, па нагоре за порцеланска протеза. Според мене порцеланската е подобра од проста причина што нуди многу подобра естетика, а и побрз ефект. Обично викаат дека металната давала многу побрз ефект, но јас можам да ти кажам дека доста брз ефект дава и порцеланската, но сепак за времетраењето на ортодонтскиот третман зависат и многу други фактори како што се поставеноста на забите, што треба да се поправи, состојбата на парадонтот.......... Иначе секој месец ќе треба да одиш на контрола, каде освен контрола ќе ти се праваат и корекции ако има потреба од истите, како и ќе ти се променуваат ластичињата/гумичките и лакот/жицата. Цената на контролите се движи 500 - 1000 денари од вилица. А за препорака во Скопје не би знаел точно да ти кажам, но можеш да се распрашаш во Етерна Дент, Стоматолошка ординација на Европски универзитет, Систина, па и Клиника..................., од овие места имам слушнато пофалби:)
 
На приватно околу 2500-3000 ден. од умник, а протезите 300 евра една метална, а порцеланска 400 евра.

Тие се цените кај нас во Струмица, во Скопје може да биде за малку поскапо.

П.С Не се вика пОртеза, туку пРотеза. :D
Се корегирав :)
Да не знаеш дали и колку време треба да се чека откога ќе се извадат умниците за да се постави протеза?[DOUBLEPOST=1487273489][/DOUBLEPOST]
За цената би ти кажал дека е од 200 евра, па нагоре за метална протеза и 300 евра, па нагоре за порцеланска протеза. Според мене порцеланската е подобра од проста причина што нуди многу подобра естетика, а и побрз ефект. Обично викаат дека металната давала многу побрз ефект, но јас можам да ти кажам дека доста брз ефект дава и порцеланската, но сепак за времетраењето на ортодонтскиот третман зависат и многу други фактори како што се поставеноста на забите, што треба да се поправи, состојбата на парадонтот.......... Иначе секој месец ќе треба да одиш на контрола, каде освен контрола ќе ти се праваат и корекции ако има потреба од истите, како и ќе ти се променуваат ластичињата/гумичките и лакот/жицата. Цената на контролите се движи 500 - 1000 денари од вилица. А за препорака во Скопје не би знаел точно да ти кажам, но можеш да се распрашаш во Етерна Дент, Стоматолошка ординација на Европски универзитет, Систина, па и Клиника..................., од овие места имам слушнато пофалби:)
Благодарам на информациите!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom