Последниве две години имам страшни проблеми со забите, предходно имав само два пломбирани, од кои едниот сеуште е пломбиран (уште како дете пломба ставена).
Прво, десниот горен умник изникна скроз хоризонтално, и е невозможно целосно да се исчетка со нормална четка за заби, а мојот матичен забар не сакаше ни да чуе да го вади - па се расипа и едно сабајле се разбудив без ,,круната,, - односно имам само ,,дупка,, која е безболна, но сепак - тука има жив нерв па очекувам кај и да е да ме стегне некоја одвратна болка.
Второ, пред 2 месеци на работа ми падна пломбата од седмицата доле, и си реков ај неделава на забар - арно ама не дочекав до попладнето, почна да ме боли да не знам што ме боли - не појдов кај матичниот туку дирекно на клиника, каде што ми кажаа дека забот веќе 2 години скапувал под пломбата, а почнал да ме боли затоа што сега влегло воздух? Ми ставија Токсавит и ми рекоа ако немам проблеми - 2 до 3 недели да го носам, па да одам на ,,вадење живец,,.
Е сега, доаѓаме до моментот денес, каде што јас имам дупка десно горе, дупка лево доле, таа горе не боли, ама оваа доле ,,клука,, па прееска и Кетонал пиев.
Чудно ми е што живиот нерв не ме боли ич, ама овој ,,умртвениов,, клука - башка ми е страв што не сакаат да вадат заби, сакаат да ми ги оправаат - а искрено, не сакам кај матичниот веќе да одам, на клиника не знам кај кого да одам - ова горе осмицава сигурно ќе и треба операција, а овој доле не знам - па барам препорака за стоматолог (хирург) кој ќе ме поштеди од 100 пати одење и ќе ми ја реши маката.
Полесно ќе дадам во стомак да ми брцнат него во уста, па затоа и сакам стоматолог кој прво ќе знае што работи, ќе знае да објасни што работи и ќе има разбирање за стравот - затоа што не е едноставно свесен човек и исплашен да седи 2-3 саати со отворена уста и да не голта.
Последен пат кога ми вадеа заб, 5ка во прашање беше, 4 ипол саати траеше операцијата и мислам дека од тогаш имам фобија од стоматолози...
Па, ако познавате некој таков, по можност на клиника, ве молам препорачајте

[DOUBLEPOST=1412377493][/DOUBLEPOST]
Кетонал друже, или Вентор. Јас Кетонал пиев и за отворени осмици (живо непце исечено, за да пораснат) и за извадени заби - Венторот не можам да го пијам, не ми го поднесува желудникот од за мене непозната причина.