Забегавме ли предалеку со игрите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.366
Поени од реакции
34.958
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Океј, океј, знам дека никој од нас не трча по темни соби бркајќи таблети по играњето на Pac-Man, ниту пак дека сите се пријавивме во специјалните единици по ноќите поминати со Counter-Strike, ама ова отиде многу, многу далеку...

Штотуку го изгледав трејлерот за Hatred, некоја нова игрица чија единствена поента е:
МАСАКР НА НЕВИНИ ЛУЃЕ

Онака, од забава, зошто го мразиш целиот свет. Па добро, нели е ова претерено и во најмала рака нечовечки? Како може да биде одобрена ваква игра на пазарот? Да, станува збор за „игра“, ама нели е претерано да се ставиш во улога на пореметен тип кој убива се' пред себе? Кое е вашето мислење? Отидовме ли предалеку?

Трејлер:

Извор
 
Последно уредено:
Интересно изглеа игрицава :icon_lol:. Може му згрешиле нешто му убиле дете, жена :icon_lol:. Финтата е што се пискели на монитор а не прави луѓе. E сеа има пореметени луѓе у светов, имало и ќе има без разлика дали има вакви видео игри филмови и слично. Башка ГТА одамна го има ова само не волку dark & edgy. И у ГТА моеш да го праиш истово а сите ја фалат како една од најдобри игри некад.
 
Немаат креатинвост и замисла за добра игра, па ајде ке го убиваме секој што ке го видиме. Мислеле штом Goat Simulator доживеа ''успех'' и ова игра ке ја ''биде''.

Го згрешиле маркетинг слоганот наместо sex sells, violence sells.
 
Подобро нека се испуцаат на вакви безсмислени игри отколку да гледаме по вести масакар како во средните училишта низ САД. Тој што е насилен по природа не му требаат насилни игри за да го пречекори прагот. Ако е психо, психо е па макар и да игра игри со собирање четирилистна детелина.
 
Spiritual successor на postal, која исто така беше страотно факд-ап игра. Играта, како и постал очигледно си ја претставува својата теза. Тип со параноична психоза верува дека тој е the chosen one што ќе го спаси светот од човечкото лудило.
Горе - доле, postal немаше плот така да не очекувам ни оваа игра да не награди со некое објаснување подалеку од првичното.
Во постал, играчот се среќаваше со разни архетипизации на непријатели ко тајни агенти, реднеци, терористи и штрајкувачи.
Да не речам многу Америка игра. Може дури да се рече дека игриве се пародија на Америка.
Моментот со накурчуење од bullies или немање женска so they take seven kids from Columbine put em all in a line add an ak-47 a revolver and a nine.
Може да се глеа ко игра во која што идеш-пукаш пошто си напизден од шефот денес, досадно ти е итн или пак
може да ја глеаш ко адаптација на реални настани во кои некој американец иде-пука пошто е напизден од шефот денес, досадно му е итн итн.
Така? :)
 
Играв игри далечната 2003-2004 година, ама играв по 36 саати, и после тоа наредните неколку дена во транс бев, се до наредното седнување пред компјутер.

Многу штетно е, психички посебно а и физички од долго седење на столица, може да се има страшни последици.
 
Искрено има многу по хардкор игрици. Инаку мислам дека контентот на играта нема значително влијание во однесувањето и не би се согласил дека насилството во игрите би се пренесло во вистинскиот живот.

Како аналогија би го посочил разговорот кога мажот и вели зошто гледаш толку кулинарски шоуа кога не знаеш да готвиш, а она му враќа зошто пак ти гледаш порничи.

Според мене далеку поголема опасност од ПЦ игрите е самата зависност од нив. Која не е толку различна од зависноста кон наркотици.

Кој имал гејминг ханговер знае за што зборувам :sick: :X3::pos:
 
како у гта, мафиа серијалите нема масакри на невини луѓе. плус ова
 
Океј, океј, знам дека никој од нас не трча по темни соби бркајќи таблети по играњето на Pac-Man, ниту пак дека сите се пријавивме во специјалните единици по ноќите поминати со Counter-Strike, ама ова отиде многу, многу далеку...

Штотуку го изгледав трејлерот за Hatred, некоја нова игрица чија единствена поента е:
МАСАКР НА НЕВИНИ ЛУЃЕ

Онака, од забава, зошто го мразиш целиот свет. Па добро, нели е ова претерено и во најмала рака нечовечки? Како може да биде одобрена ваква игра на пазарот? Да, станува збор за „игра“, ама нели е претерано да се ставиш во улога на пореметен тип кој убива се' пред себе? Кое е вашето мислење? Отидовме ли предалеку?

Трејлер:

Извор

Па не би рекол дека ние видео играчите отидовме предалеку со видео игрите, туку самите производители на видео игрите останаа без идеи, поради што единствена алтернатива која ја прифатија се чисто насилните видео игри.

Примери ги има безброј - најновата Battlefield 4, најновата Call of Duty: Advanced Warfare, последната Command & Conquer 4: Tiberian Twilight и безброј други видео игри, чии што производители случајно или намерно, ги направија така глупави и неинтересни, така што е прашање на време додека да брендот изумре, или подобро кажано - додека да брендот се самоубие.

Кога почнуваат да излегуваат видео игри кои се фокусирани на multiplayer, односно на мрежна игра или на игра преку Интернет, а нема играње кампањи, мисии, скирмиш и слично, тогаш станува повеќе од јасно дека производителот на видео играта останал без идеи.

Алтернатива на некои производители, е видео игра исполнета со чисто насилство, се со цел да се привлече по некој купувач, односно да се оствари профит.

Кога ќе ги погледнеме Battlefield 1942 и нејзините продолженија Battlefield 1942: The Road to Rome и Battlefield 1942: Secret Weapons of World War II, и кога ќе ја погледнеме Battlefield: Vietnam, и ќе го споредиме сето тоа со најновата Battlefield 4, станува повеќе од јасно тоа што е веќе општо познато - Electronic Arts (EA) и Digital Illusions Creative Entertainment (DICE) почнале да губат идеи.

Тука е и Battlefield 1943, која требаше да излезе и за на компјутер, но сепак остана само на Xbox 360 и на PlayStation 3, што потврдува дека EA и DICE повеќе ги интересира профитот од конзолите, отколку од персоналните компјутери, бидејќи се свесни дека од видео игрите за компјутери експресно се прават пиратски копии кои стануваат вирални и незапирливи. Истото важи и за конзолите, но сепак поголем им е профитот од видео игрите за конзоли, отколку од видео игрите за компјутер.

Се повеќе се ближи денот кога ќе велиме:

" Еее, ти текнува на Quake, Red Alert, Serious Sam, Warcraft ... асални видео игри во споредба со денешниве глупости ? " ;

" Ја немаа графиката на денешниве видео игри, но затоа имаа нешто поважно и поинтересно - интересна приказна исполнета со авантури и адреналин, а не со чисто насилство " .
 
Последно уредено:
Јас пре би за:
fe9434e0dab821d6f5e1e32243108335.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom