- Член од
- 19 јуни 2015
- Мислења
- 414
- Поени од реакции
- 623
- Возраст
- 36
Барам препорака од некои кои веќе користеле некакви препарати за нега и брз раст на косата. Доста истражував за тоа и информациите беа: чај од коприва, Б витамини, рицинусово масло, а како најефикасни биле ампулите за коса. Прашав во аптека и ми рекоа дека се ставале во шампон и после косата се миела, се оставало да делуваат неколку минути. Но некако ми се сомнителни тие ампули бидејќи некако ми е неприродно раст на коса месечно до 4 цм ( а може и повеќе во комбинација со други нешта). Сомнително ми е зашто не сум сигурен колку се здрави за косата, пошто стварно може да расте брзо, но дали истовремено и го истоштуваат коренот, да не содржат некои хемии кои по некое време ќе имаат контра ефект врз косата (изретчување, предвремено опаѓање и сл.). Ми треба совет, ајде поискусни и оние кои веќе пробале такви нешта, нека ми одговорат на темата 
