За понижувањето

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Едноставно:

- во кои ситуации се чуствувате понижени?
- патите ли од некое понижување во минатото?
- дали вие понижувате некого?
- што е целта на сето понижување?

Ајде со ред...

Сметам дека најмногу човек се чуствува понижен кога некој ќе му стори (каже, направи) нешто пред други луѓе. Било тоа да го исмее ,да направи да се чуствува "ко последње говно", да го понижи, навредувајќи ја неговата личност и сл. Досега сите сме биле на еден или на друг начин понижени (било тоа преку кавга со друштвото, или пак шеги на наша сметка), но барем мене досега не ми се случила (немало ни причина) таква работа од која ќе носам комплекс цел живот, а искрено, не ни имам намера некого да навредам, доколку предходно тој/таа ми нема направено такво нешто. Целта е сепак- да му го направиш денот (не дај боже животот) зае*ан на некого, со тоа што ти преку навредата си ги лечиш фрустрациите.
 
Бев многу горд човек кој што мислеше дека има многу понижувања.
И сега сум горд човек ама знам дека немам никакво понижување.
 
Понижување... Многу ми е криво што многу доцна сфатив дека никој не може да направи да се почувствуваш понижен, освен ако ти не му го дозволиш тоа.

А дали понижувам? Не. Да почнам прва? Никогаш. Не е тоа моја животна философија. Можеби некогаш во самоодбрана, но и тогаш не било ништо друго освен враќање на вербалниот удар.
 
Ако не се замараш со обидите на луѓето да те понижат никогаш нема да бидеш понижен.Зависи како гледаме на работите.Некои луѓе лесно се навредуваат и често се понижувани а ако знаеш како да вратиш и ако не се замараш многу многу со тоа што ке ти го речат немаш гајле.Во минатото ме понижувале ама сега знам како да се справам со тие работи.Не ме боли многу срце за гомнојадците и си терам по мое.Ке рече некој некоја провокација и одма му ставам капак и не се замарам...
 
Ги има многу што пробале да ме понижат ‘‘фраери‘‘ но не им успеало. Едноставно не се замарам. Башка само кулензи си удараш.
 
Кога некаде ќе го слушнам зборот понижување во истиот момент ме потсеќа на детството. Жалам за ненамерното и несвесното понижување на сите мои другари кои ги сметавме за бубалици, филозофи и слично. Жалам за понижувањето на другарите кои немаа доволно пари за нормален живот, познавам многу од нив кои денес со сето тоа понижување во главата си имаат зацртано дека не можат да успеат дека секогаш се под другите и понатаму самодовербата ќе им е на најниско ниво. Детските игри можат да прераснат во кошмар за една индивидуа. Сега станувам свесен колку лошо е да потценуваш некои кои имаат повеќе талент од тебе, можеби заради љубомората, можеби затоа што секој сака да биде центар на вниманието, едно е јасно понижувањето може да ни го промени животот како и во детството така и на работното место. Мора да ги почитуваме сите без разлика на нивните недостатоци со самото понижување самите си го понижуваме карактерот и личност.
 
Сум бил понижуван,сум се чуствувал како нула.Меѓутоа сега сум имун на понижувања.Си знам што можам,каде можам и колку можам.
 
Понижен сум во ситуација кога, оној со кого дискутирам избира сосема различни средства од оние, со кои што вистински треба да ми се спротивстави на моите аргументи во конкретна ситуација, и на тој начин неможејќи да ме побие со аргументи, удира со навреди или омаловажувања онаму каде што најмногу боли.
 
мене целта е да му се одмаздам на некој, или ако е голем гомнојадец да го спуштам малце
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom