Другар, ако јас сум учела и знам што сум напишала нема зошто да се бунам дека прашањата биле и вакви и такви, поготово ако материјалот си го учел 4 години.
Ете напишаа за некоја песна демек ја немало, на крај испадна дека всушност ја имало, ама некој требало да отвори книга. И зошто се сакаат на сервирано? Ги чека факултет, нема таму вакво лигавење и скокање. Веќе напишав, кај пишува дека мора да положи од прва? Ако не е задоволна, а е сигурна во своето знаење нека излезе пред комисија. Ова со покренување на протести, ама воопшто не им држи вода. Ако мислат они дека животот е розев, гадно се зезнале, на факултет е црн пекол. Ќе ја бараат матурата, колку и глупави да се прашањата. Оти не виделе они глупави прашања затоа и се бунат. Кога ќе добијат прашања од типот: ,,Кое од точните тврдења е најмалку точно,, е тогаш може да поверувам дека е тешко. Нека почнат да си создаваат навика за учење, а не по форуми да организираат протести. Нашето образование е

и крај на приказната.