Де бе одлучете се дали било прелесно или претешко... На едни им било многу тешко, надвор од изучениот материјал (а они од изученото се знаеле) и слично, на други пак прашањата им биле толку лесни што им ја навредувале интелигенцијата

И ај сега, дали е проблемот кај оние што ги правеле прашањата или кај оние што (не) учеле? Ја бев матурантка малку поодамна, така да не можам да кажам мое субјективно мислење, ама матурантите со кои разговарав во главно се согласија дека тестот по македонски јазик бил океј.
Е сега, проблемот што го имаше и во мое време, а опстанува и денес, се самите тестатори. Како што веќе кажаа некои членови, не е фер што некои училишта/тестатори дозволуваат препишување, додека други си ја вршат работата како што треба. Еве, јас лично признавам (

) дека сабајле напишав и испратив преку смс три есеи и две писма за матурата по англиски јазик. Матурантите без никаков проблем успеаа не само да ми ги пратат темите и задачите, туку и да препишат цели есеи. Каде биле тестаторите во моментот? Едноставно не им било гајле. Што секако, не е коректно.
Ова малку оф топик, ама морам да се надоврзам.
Исто така, пред некоја недела, имав можност на кратко да присуствувам на екстерно тестирање во едно средно училиште и многу се разочарав од тоа што го видов таму. Тестаторите одеа од ученик до ученик и ги прашуваа што оценки имаат по предметот по кој се тестираат. На оние со 4ки и 5ки не само што им беше дозволено препишувањето, туку и беа поттикнувани од самите тестатори кои им носеа книги, тетратки, ливчиња со решени задачи... Оние пак со послаби оцени беа строго чувани и не смееја ниту да се свртат...Се со цел оценката да не им се разликува од онаа која ја добиле од професорот.
И после сакаме да ни функционира образовниот систем

Епа додека на овој начин се спроведуваат ваквите проекти, никогаш нема да бидат успешни, без разлика колку добра била замислата.
И јас да сум на местото на сегашните и идните матуранти, наместо да протестирам за тежината на задачите и тестовите (што секогаш ќе биде субјективно), би протестирала за праведноста на начинот на кој се спроведуваат тестирањата. Прво барајте фер спроведени тестирања, па дури тогаш имате право да се буните за (не)праведноста на оценките кои сте ги добиле.