За Брацо и другите "исцелители"

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахахахха колку прости луѓе има значи ццц 250 ден * 1000 = 250 000
+ дранглулии 20000 = 270 000 ден :nesum::nesum::nesum: Дај и ја да бидам исцелител ке имам пари да живеам цела година :)
Не си се соочил со вистински проблем, затоа јадеш бурек...ако некогаш дојдеш со главата до ѕидот, тогаш самиот ќе се увериш дали си прост или сложен...не за цд од 250 денари ами ќе се фатиш и за нешто уште попросто...
 
Точно. Исто така треба да се има во предвид дека повеќето коментари тука на форумов, се од дечиња со наполнети неколкунаесет годинки и чија што најголема тешкотија у животот досега, било минатонеделното легитимирање од страна на жандармите у парк.

На никој не му пожелувам во животот влез на некоја малку по сурова кармичка константа. Нека учењето живот им биде безболно и своеволно.
 
Проблемот е тоа што луѓето не знаат каква моќ имаат во самите себе ... значи не се потребни разни исцелители , сето тоа го можат самите ... :smir:
 
СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЗА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НАДРИЛЕКАРИ

Чувајте се од матичните бајачи

Од Бирото за лекови им порачуваат на граѓаните да отвораат четири очи кога одлучуваат да користат надрилекарски терапии
3104492A2FB4344F949C90A9E79FE81F.jpg

Лекувам рак на дојка, тумори, чир на желудник, рак на кожа, стерилитет... Со чаеви лекувам рак, лекувам ноќно мокрење кај деца, уплав, продавам еликсир... Вакви огласи секојдневно ги полнат медиумите и објектите на кои се лепат пораките од разни надрилекари. Тие, пак, велат дека граѓаните се заинтересирани и ги порачуваат чаевите, капките и други еликсири, често не прашувајќи ни за цената.

Во Бирото за лекови ги предупредуваат граѓаните да отвораат четири очи и многу да внимаваат кога се во прашање вакви и слични „терапии“.

- Не само што не може да помогне, туку некоја сомнителна течност може да направи и голема штета, бидејќи растенијата можат да содржат силни активни компоненти кои може да бидат многу отровни за луѓето. Законот за лекови е прецизен, а сите лица што се бават со нешто недефинирано подлежат на санкции. Казните се високи, од 25.000 до 50.000 евра бидејќи тежината на делото е огромна. Сакаме да ги заштитиме граѓаните. Инспекторите се максимално посветени на контрола на препаратите што се произведуваат спротивно на Законот за лековите. Поднесовме три пријави за лица што произведуваат такви препарати од Прилеп, Куманово и од Скопје. Граѓаните мора да станат свесни дека не може со баење, со гледање или други парапсихолошки методи да се постигне тераписки ефект. Тоа е само плацебо ефект - предупредува директорот на Бирото, Илчо Захариев

Тој додава дека казната ја платил еден од прекршителите што нудел еликсир за подмладување изготвен од тревки. Во случај да има и последица по здравјето, лицето што продава вакви чаеви, може и кривично да одговара.

Захариев предупредува граѓаните никако да не им веруваат на лицата што сакаат да ја искористат нивната мака за личен профит.

- Корист нема да имаат од чаевите и еликсирите, туку огромна и ненадоместлива штета, која ни еден лекар нема да може да ја поправи. Може да дојде до тешки труења со сомнителни масти, капки, а веќе сме имале такви случаи - вели Захариев.

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека е потребна поширока општествена акција за да им се застане на пат на надрилекарите.

- Неопходен е широк фронт, здравствено просветување и едукација на граѓаните за да им се застане на патот на овие појави. Некои работи се деликатни. На пример, во случајот со Брацо, организаторот се правдаше дека има одобренија од други министерства, од полицијата и затоа не можеше да се прекине сеансата. Но сепак, ние поднесовме прекршочна пријава - велат во Инспекторатот.

Светиот синод на Македонската православна црква вчера испрати соопштение со кое апелираше до „своите верни чеда да ги избегнуваат самопрогласените исцелители и видовити надрилекари, вложувајќи напор да ја сочуваат својата спасителна вера, чувајќи се од агресивниот напад на секташкото, антихристијанското и антиправославно учење“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDD5B7D7E6756C41A3FBA6AC7201FCA9
 
СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЗА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НАДРИЛЕКАРИ

Чувајте се од матичните бајачи

Сакаме да ги заштитиме граѓаните. Инспекторите се максимално посветени на контрола на препаратите што се произведуваат спротивно на Законот за лековите. Поднесовме три пријави за лица што произведуваат такви препарати од Прилеп, Куманово и од Скопје. Граѓаните мора да станат свесни дека не може со баење, со гледање или други парапсихолошки методи да се постигне тераписки ефект. Тоа е само плацебо ефект - предупредува директорот на Бирото, Илчо Захариев

Захариев предупредува граѓаните никако да не им веруваат на лицата што сакаат да ја искористат нивната мака за личен профит.

- Корист нема да имаат од чаевите и еликсирите, туку огромна и ненадоместлива штета, која ни еден лекар нема да може да ја поправи.

- Неопходен е широк фронт, здравствено просветување и едукација на граѓаните за да им се застане на патот на овие појави. Некои работи се деликатни. На пример, во случајот со Брацо, организаторот се правдаше дека има одобренија од други министерства, од полицијата и затоа не можеше да се прекине сеансата. Но сепак, ние поднесовме прекршочна пријава - велат во Инспекторатот.

Светиот синод на Македонската православна црква вчера испрати соопштение со кое апелираше до „своите верни чеда да ги избегнуваат самопрогласените исцелители и видовити надрилекари, вложувајќи напор да ја сочуваат својата спасителна вера, чувајќи се од агресивниот напад на секташкото, антихристијанското и антиправославно учење“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDD5B7D7E6756C41A3FBA6AC7201FCA9

Ај сега јас ќе запрашам дали граѓанаите треба да имаат доверба во лекарите кои се повеќе бараат пари за услуги за кои добиваат плата...колку граѓани во тески ситуации мораат да дадат по неколку илјади евра за лекарот да интервенира...колку лекари отворено го наведуваат да не речам принудуваат пациентите од државните здравствени установи да одат во нивните приватни ординации...во тие ли лекари да имаме доверба...

кога станува збор за црквата (да не користам некој тежок збор па да добијам бан) нив само им е жал што парите на граѓаните завршуваат во рацете на бајачите или надрилекарите а не во џебовите на поповите...ништо друго освен финансиски интерес во обата случаја, и кај црквата и кај лекарите...

Проблемот е тоа што луѓето не знаат каква моќ имаат во самите себе ... значи не се потребни разни исцелители , сето тоа го можат самите ... :smir:
Да луѓето имаат моќ...и многумина тоа и го знаат, но едно е тоа да го знаеш дека го поседуваш а друго е да можеш да го практикуваш односно искористиш...еве ти знаеш дека поседуваш таква моќ, па кажи ни дали можеш самиот да се исцелиш, дали можеш да ги исцелиш твоите блиски...дете тебе изгледа М-експрес ти бил омилено четиво...
 
Ај сега јас ќе запрашам дали граѓанаите треба да имаат доверба во лекарите кои се повеќе бараат пари за услуги за кои добиваат плата...колку граѓани во тески ситуации мораат да дадат по неколку илјади евра за лекарот да интервенира...колку лекари отворено го наведуваат да не речам принудуваат пациентите од државните здравствени установи да одат во нивните приватни ординации...во тие ли лекари да имаме доверба...

кога станува збор за црквата (да не користам некој тежок збор па да добијам бан) нив само им е жал што парите на граѓаните завршуваат во рацете на бајачите или надрилекарите а не во џебовите на поповите...ништо друго освен финансиски интерес во обата случаја, и кај црквата и кај лекарите...

Кога од една страна има бајач, најчесто самопрогласен и јавно промовиран, а од друга лекар, професионалец, човек кој знаењето го стекнал по пат на образование поприродно ми е да му платам на вториот. Затоа што "лекувањето" на надрилекарите понекогаш знае да чини многу, посебно ако се работи за тешки болести кога финансиите не се гледаат толку, туку се гледа начинот на кој ќе бидат обезбедени.
 
Кога имаш проблем од било каква природа дали физичка болест, психичка, во се бараш спас и си ја храниш психата ..... Дали бил брацо .... дали била тарот бајачка.... или Милан... небитно... Ти бараш спас во било што
 
Мора да има некаков увид во активноста на вакви лица. Да се контолира нивната работа, производите што ги продаваат.
Ова за мене е услужна дејност која овозможува добра егзистенција. Нека ги оданочи државата. А ако не си ги исполнат даночните обврски нека ги гони. Можеби е и наивно ова што го пишувам, ама измамата е сепак кривично дело.
Инаку, во целост ги разбирам очајните.
Што се однесува до некакви техники за самостојно лекување со помош на сугестија, различни духовни техники за издигнување на свеста, тоа бара долгогодишно искуство, интелигенција, добри насоки и т.н. Значи,
најголемиот дел од нас најдобро е да си побара добар доктор.
 
Кога од една страна има бајач, најчесто самопрогласен и јавно промовиран, а од друга лекар, професионалец, човек кој знаењето го стекнал по пат на образование поприродно ми е да му платам на вториот. Затоа што "лекувањето" на надрилекарите понекогаш знае да чини многу, посебно ако се работи за тешки болести кога финансиите не се гледаат толку, туку се гледа начинот на кој ќе бидат обезбедени.
Еден таков професионалец го уби татко ми...не сакаше ниту да го погледа поканувајќи не во неговата ординација после работното време...а дотогаш се случија уште три инфаркти, од кои последиот фатален...му честитам на образованието и на титулата...
 
Не си се соочил со вистински проблем, затоа јадеш бурек...ако некогаш дојдеш со главата до ѕидот, тогаш самиот ќе се увериш дали си прост или сложен...не за цд од 250 денари ами ќе се фатиш и за нешто уште попросто...
За болдираното така е , него мене нешто друго ме интересира дали некаде има официјално испитување или официјална статистика на колку од тие луѓе Брацо им помогнал, а на колку не. Не би осудувал предвреме за или против, без соодветни физички докази не можам да донесам заклучок за Брацо така да тој човек останува мистерија во подфорум мистерии.

Грешка што бара типов во религија?
 
Луѓето што си имаат мака и проблеми ќе чукнат на секоја врата и пробуваат секаде да најдат помош,да се спасат....но ако ти е пишано дека треба да го имаш тоа ќе го имаш...така да како ти е пишано така ќе ти биде...од пишаното не се бега....
 
чекајте сега лечел..па нормално во толпа од 10000 раја има неки кои немаат дете,некои сакат на кладилница да фанат...епа ке се случи..секако

инаку има ли официјално црно на бело тие се излечени???
 
Луѓето што си имаат мака и проблеми ќе чукнат на секоја врата и пробуваат секаде да најдат помош,да се спасат....

Има само една битна работа, кај овие преварантите нема потреба да чукнеш на вратата, нивните се широко отворени, дури и од улица за ракав те влечат да влезеш.

Со клипот малку да се потсетиме како функционира шемата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom