Yellowstone

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
s4QRRYc1V2e68Qy9Wel9MI8fhRP.jpg

Творец на серијата Yellowstone е Taylor Sheridan со која започна се,започна универзимот кој го создаде Шеридан и многуте спинофс и приквели кои се родија потоа.
Приказната во серијата е за Семејството Датон кое се бори да си го одбрани ранчот и начинот на живот од индијанскиот резерват и од градежните претприемачи. Здравствените проблеми и семејните тајни им ги отежнуваат работите на Датонови а политичките аспирации и надворешните партнерства им ја загрозуваат иднината и борбата за земјиштето и власта.
Во серијата преовладуваат одлични кадри од пејсажите на Монтана.
Кевин Костнер ја има главната и водечка улога во серијата.
 
@Zlatikevichius на прсти се бројат мислењата џа серијава во општата тема. Можда би било подобро да ги префрлиш тука за да не стои празна темава, пошто вие веќе ја имате изгледано.
 
Јас само што ја завршив 4-та сезона и отворен сум за дебата за да ја размрдаме темава малку.

Има некои работи што ме нервираат,ми се нејасни и нелогични.
Како прво баш не го разбирам love and hate односот на Џон кон Џејми.
Јасно ми е зошто Бет го мрази Џејми но сепак ми е малку антипатична.
Лојд секогаш бил лојален кон ранчот но Рип и Џон не беа секогаш благодетни кон него.
Како може жени да се тепаат за лик како Џими :pos:
 
@Zlatikevichius на прсти се бројат мислењата џа серијава во општата тема. Можда би било подобро да ги префрлиш тука за да не стои празна темава, пошто вие веќе ја имате изгледано.
Не е возможно тоа, затоа што тие мислења се напишани пред да биде отворена темава.
 
Ете, 62 мислења од Општи префрлени тука. Ваков потфат до сега не сум направил, прелистав преку 100 страници во Општи за да ги најдам, и плус, ко што реков погоре, бидејќи тие мислења се напишани пред отворањето на темава, го сменија воведното мислење во темава (sorry @Magic Mike ), но се потрудив првото, кое случајно се погоди да е мое мислење, да го едитирам, па така сепак имаме соодветен вовед и тема каква што доликува.
 
Добро по ѓаволите зошто мораше Колби да го умрат во серијава....мора ли да има ебана трагедија во секоја епизода :(
 
Иако разбирам зошто мораше да биде негативецот сепак криво ми е за Џејми.

Тејлор Шеридан сам си напишал да глуми лик кој ќе биде кул каубоец во серијата :pos:
али сепак заслужено може да прави што сака одлична работа завршил со Yellowstone и сите останата серии во кои што е инволвиран.
 
Сега ја завршив втора сезона.
Злате, љубим ти чело келаво што ја популаризираше серијава на форумот.

Пејсажи, дијалози, сојузи, предобро разработени карактери, Моника, Бет :drk::drk::drk:

Серијава полека станува нешто најдобро што сум го гледал последните години. Настрана што сум фан на RDR2, овој свет предобро ми легна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom