Моделот е RD, двоцилиндарски двотактен 125 cc мотор, експлозивен при старт, неверојатно удобен за возење и неверојатно моќен! Искачува планини без проблеми дури и со двајца, звукот е одличен за 125 кубици.
Остана да го тапацирам седиштето, машината ми ја среди пријател, требаше штеловање и стегање, воопшто не е возен, се работи супер, полека полирам и чистам делчиња, пролетва планирам да го фарбам. Само една работа му фали а тоа е километража.