Хуманитарни акции, срце или его?

Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Локација
Скопје
Темава ја ставам во овој подфорум затоа што се фокусира на тоа зашто ги правиме тие хуманитарни дела, не како ги правиме.
Пред да прочитате, сакам да појаснам дека почитувам меѓусебно помагање на каков било начин, само ме интересира што мислите за себичноста во целата таа великодушност. Гледам луѓе што се снимаат како помагаат, од деца до политичари. Зошто е тоа потребно? Зошто е потребно на ТВ да истакнеш колку е некој мал, за луѓето да видат колку си ти голем? Зошто мораш да му потенцираш на некого колку е немоќен?
Ако му помогнеш на човек со деца, како да го направиш тоа?
Наместо да го понижиш него пред сопствените деца покажувајќи колку тој неможе да им пружи, а ти можеш, нели е подобро да му ги дадеш тие работи анонимно, па тој да ги подели со семејството. На тој начин ќе успее да си го зачува своето достоинство пред децата, а сепак ќе му помогнеш.
Ама не, луѓето сакаат да покажат "ВИДИ МЕ КОЛКУ СУМ ДОБАР", а помагањето е само начин да го покажат тоа.
Уште еднаш, секоја чест за луѓето што помагаат на луѓе и на животни, само неможам а да не ја истакнам себичноста во целата таа приказна.
 
Не е до види ме колку сум добар туку да се подигне свеста и кај другите да помагаат/донираат. Затоа во странски земји хуманитарните организации ги тераат познатите личности да учествуваат во секакви акции.

Не само донации, често ги имаши славните личности кои држат предавања по училишта за штетност од алкохол, дрога.

Само што ние на Балканов поинаку си го толкуваме сево ова.
 
Мене не ми пречи тоа што се фалат дека помогнале бидејќи сепак помогнале, нели целата поента е тоа. Не гледам ништо лошо да добијат неколку пофалби за нивното дело + може да поттикне и некој друг да помага.
 
Не е до види ме колку сум добар туку да се подигне свеста и кај другите да помагаат/донираат. Затоа во странски земји хуманитарните организации ги тераат познатите личности да учествуваат во секакви акции. Само што ние на Балканов поинаку си го толкуваме сево ова.

Па да, добро е да се подигне свеста за тоа. Ама погледни ги странските реклами и промоции, обично се анонимни за да не навредат или повредат некого. Колку и да е убаво да му помогнеш на некого, треба да го избереш начинот што нема да го понижи. А подигањето на свеста се подига со анонимни акции и финансирани реклами, а не врз грбот на некој несреќник што мора да си го прегази и тоа малку достоинство што му останало за да дојде до некаква помош.
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 18:05 ---
Мене не ми пречи тоа што се фалат дека помогнале бидејќи сепак помогнале, нели целата поента е тоа. Не гледам ништо лошо да добијат неколку пофалби за нивното дело + може да поттикне и некој друг да помага.
Се согласувам за тоа, ама неможеш да кажеш дека политичари што помагаат на месец дена пред избори, го прават тоа од такви побуди. :D
 
Видео од хуманитарна акција која е ставено на youtube и со брзина на светлината се шернува на фб/твитер не го гледам како билдање на его, ниту пак како види ме колку сум добар. Го гледам како отварање на очи, мотивирање на другите и будење на заспаната свест кај сите нас во ова општество.
 
Пиши збор - два за анонимните акции, зашто навистина прв пат читам за нив.
Анонимни акции се прават од црвен крст многу често. Се промовираат преку плакати и социјални мрежи, средствата се собираат од хумани граѓани, а се даваат на семејства на кои им се потребни. Ретко кој дава така, зошто и би давал ако никој незнае за тоа...
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 18:33 ---
Видео од хуманитарна акција која е ставено на youtube и со брзина на светлината се шернува на фб/твитер не го гледам како билдање на его, ниту пак како види ме колку сум добар. Го гледам како отварање на очи, мотивирање на другите и будење на заспаната свест кај сите нас во ова општество.
Многу ми се отворија очите кога у предизборните кампањи ги гледав како идат од едно до друго семејство... сега сум препороден.
 
Темава ја ставам во овој подфорум затоа што се фокусира на тоа зашто ги правиме тие хуманитарни дела, не како ги правиме.
Пред да прочитате, сакам да појаснам дека почитувам меѓусебно помагање на каков било начин, само ме интересира што мислите за себичноста во целата таа великодушност. Гледам луѓе што се снимаат како помагаат, од деца до политичари. Зошто е тоа потребно? Зошто е потребно на ТВ да истакнеш колку е некој мал, за луѓето да видат колку си ти голем? Зошто мораш да му потенцираш на некого колку е немоќен?
Ако му помогнеш на човек со деца, како да го направиш тоа?
Наместо да го понижиш него пред сопствените деца покажувајќи колку тој неможе да им пружи, а ти можеш, нели е подобро да му ги дадеш тие работи анонимно, па тој да ги подели со семејството. На тој начин ќе успее да си го зачува своето достоинство пред децата, а сепак ќе му помогнеш.
Ама не, луѓето сакаат да покажат "ВИДИ МЕ КОЛКУ СУМ ДОБАР", а помагањето е само начин да го покажат тоа.
Уште еднаш, секоја чест за луѓето што помагаат на луѓе и на животни, само неможам а да не ја истакнам себичноста во целата таа приказна.

Секоја чест за постов. Апсолутно си во право. Кога ќе видам пост: "Донирано" кај оние хумантираните теми, ми станува помалку смешно.
 
Многу ми се отворија очите кога у предизборните кампањи ги гледав како идат од едно до друго семејство... сега сум препороден.

Ги мешаш работите. Мислев на дечките од видеото кое се врти на социјалниве мрежи. Донирање, политички кампањи и користење на луѓе за гласови и рејтинзи ми се чист популизам и мизерно тоа делува.
 
Па и не можат политичарите анонимно тоа да го урадат, ондак на кое конто би оделе политичките поени?!
 
Уште еднаш, секоја чест за луѓето што помагаат на луѓе и на животни, само неможам а да не ја истакнам себичноста во целата таа приказна.

Раскажи повеќе за себичноста кај луѓето. Раскажи и за твојата и сечија себичност, затоа што и ти си себичен во јадењето што го јадеш, себичен во трошење интернет, трошење време за себе, себичен при влегување во врска, затоа што имаш константна потреба од билдање на твоето его преку докажување на сите полиња. Не гледам ништо лошо во тоа да се донира јавно, а ако тоа треба да се етикетира како себичност, сигурен сум дека таа себичност кога ќе ја ставиш на кантар е поважна од секојдневните себичности кои ни се потребни за да го преживееме денот.
Од друга страна, многу лошо си ја започнал темата, т.е. со многу нелогичен пример каде се придава важност на истакнувањето на големината на еден човек на сметка на маленкоста на другиот. Ако некогаш донираш или помогнеш, барем малку повеќе размисли за тоа дека донирањето за тој на кого му е потребно може да биде само позитивно, а не негативно.
И на крајот, дали анонимното донирање тебе те прави херој, како што јавното го прави друг хипокрит?
 
Ги мешаш работите. Мислев на дечките од видеото кое се врти на социјалниве мрежи. Донирање, политички кампањи и користење на луѓе за гласови и рејтинзи ми се чист популизам и мизерно тоа делува.
Темата беше општо за донирањето. Кога ќе размислам подобро до негде и ги оправдувам дечките, ама сепак мислам дека не е убаво да се постигнува било каква цел (поттик или рејтинг) со лично истакнување на луѓето кои ја примаат таа помош. Сум бил сведок на мал милион несебичности и верувај ми многу се ретки луѓето што помагаат без да очекуваат ништо за возврат, затоа право да ти кажам најмногу ги поштувам луѓето што спасуваат животни. И сам сум осетил колку е тешко да земеш уплашено куче од улица, да го чуваш, вакцинираш и вдомиш, а и тие луѓе тоа го прават без да добијат ништо. А вака луѓе што ги користат тие несреќници за да си ја подобрат сопствената слика презирам.
 
Да, а остатокот од постот ти е скроз погрешен.

Важи ко така. Одсега не мора по темите за донирање крв или парична помош да се пишува Донирано, нека се забаталат во последните страни каде никој нема да ги види.
 
Секоја чест за постов. Апсолутно си во право. Кога ќе видам пост: "Донирано" кај оние хумантираните теми, ми станува помалку смешно.
Не разбираш. Тоа се прави со цел да темата постојано се јавува во нови теми и што повеќе луѓе да ја видат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom