Хуманата страна на 3G технилогијата

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Актуелно е кај нас распишувањето за тендер за 3G технологија. Тоа е технологија која овозможува видеофонска врска. Тука во германија уште од поодамна постои 3G технологијата, така да на секому му е достапна. На прв поглед ќе си речете пак овие измислуваат нешто за само безпотребно трошење пари за некои играчки, но деновиве јас согледав една друга страна и придобивките од таа технологија.Но пред некој ден си стојам на станица и одеднаш нешто ми падна во очи. Забележав на некои 20-тина метри од мене како една жена го држи мобилниот пред неа и прави разни гестикулации со лицето (ко да збори). но кога малку повеќе се приближив воочив дека та навистина има видеофонска врска, но со помош на едната нејзина слободна рака прави гестикулации карактеристични за јазикот на глувонемите. И тогаш се појави една насмевка на моето лице од задоволство што конечно и глувонемите луѓе можат да профитираат од мобилната технологија.
 
Исто ко на рекламата што се вртеше пред некоја година (тогаш беше тазе 3G таму), за Нокиа мислам...со земјторесот во Италија...па нешто во автобус...па videophone врска...демек 3G..ова она.

Абе се е ок, ама кога овие нашите ќе ги стегнат тарифирањата 50 ден/мин на 3G разговор...ноооуу тенк ју.

Имам 3G телефон...ама џабе ми е наредните...ух 5 години!
 
нема никој да биде приморан да ја користи таа услуга. На тој што му е потребно ќе си има таков телефон и ќе си ја користи услугата колку и да му е скапа. Се разбира не е секој будала секој повик да му биде преку видеофонија :)
 
Луѓе, не го разбрафте постот на Бацилус Гагус!
Конечно преку телефон можат да комуницираат и луѓето кои природата им ја одзела моќта да зборуваат или слушаат (или и двете).
Технологијата се повеќе им овозможува разни придобвки на сите луѓе, без оглед на нивните разлики.
 
Целта на мојот пост беше само да му објаснам на Бертоне дека секој напредок во технологијата колку и да е скап - треба да го почитуваме, затоа што за некои луге е неопходен дел од нивниот живот.
 
нема никој да биде приморан да ја користи таа услуга. На тој што му е потребно ќе си има таков телефон и ќе си ја користи услугата колку и да му е скапа. Се разбира не е секој будала секој повик да му биде преку видеофонија :)

Зборував за оние што ќе сакаат да го искористат пак ќе е скап...се разбираме?

Не зборам дека СИТЕ ќе мора тоа да го имат на телефоните... :tapp:
 
Леелее ме израдува ова за таквите луѓе кои тешко можат да комуницираат, што природата не им овозможила да ужваат во животот во целост а ова многу ќе им олесни. Само треба да се намалат цените за да може секој да ги користи.:helou:
 
Супер! Не е работата само во хуманоста, и профит ќе имаат ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom