Не ја сфаќам поентата на видеото, веројатно е само за зезанција, но убаво е да се потенцира дека секогаш гостопримлив однос сум имал во Хрватска, кога беше 2011 Евробаскетот и Македонија ја победи Хрватска, тие од смештајот се радуваа, ми чеституваа и ме частеа, исто ко Хрватска да победила. Особено па за островите ти важи ова, каде што еднаш во годината се раѓа дете, се што имаат правено храна и пијалоци, со се ќе те понудат. Од друга страна имаме едни наши соседи кои што се агресивни со тебе, те нарекуват дека си од Скопија и од Манкедонија, а нашиве кога ќе ги прашаш зошто го трпат тоа ти велат “Уживај брат нема да си го расипувам одморот, игнорирај ги“.