deXterche
тадаммм

Од идната година загрепската компанија “Док-инг“ најверојатно ќе започне со сериско производство на мал градски електричен автомобил.
Се работи за мини градски двосед, креација на главниот инженер и сопственик на фирмата, Вјекослав Мајетиќ.

Концептот “DXD“ е задвижуван од електромотори кои електричната енергија ја добиваат од литиум – јонски акумулатори, со кои се обезбедува радиус на движење од 250 километри. Се очекува максималната брзина на електромобилот да биде 120 км/ч, а електромоторите најверојатно ќе ги обезбедува компанијата “Тема“ од Пула.

Се планира покривот да биде панорамско стакло, меѓутоа тоа решение може да отпадне во име на безбедноста. Но, она што е особено интересно е тоа што најверојатно ќе постои опција системот за управување да може да се преместува од левата на десната страна од предниот дел на автомобилот.

Цената на првиот хрватски автомобил ќе се движи околу 10.000 евра, иако таа може да варира во зависност од видот на акумулаторите, бидејќи како опција за погон на електромоторите се и значително поевтините, за нас стандардни оловни акумулатори.
Важната информацијата за што останавме покуси е во кој погон овој автомобил ќе се произведува сериски, со оглед на тоа дека во Хрватска нема таков.

Додека им го честитаме успехот на Хрватите, Ве информираме и дека група македонски дизајнери годинава во Ахен (Германија) направија сличен концепт, кој во недостаток на наш домашен капацитет за производство, ќе биде купен од странски производител.
коли.ком.мк
Браво, доста гледавме грди балкански автомобили ова е за поздрав. Се надевам еден ден дека и од кај нас ќе излезе нешто квалитетно