Христос се роди- Честит Божиќ на сите

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакате да го заборавите, а божиќното утро ви исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов драги мои православни форумџии . Христос се роди !

ChBozh.jpg
 
Фала и кај вас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
S-aminta Hristolu! Cartsiunu bun , harau , sanatati shi ghinets ti tuts.​
Христос се роди ! Среќен Божиќ , среќа , здравје и благосостојба на сите.​
Стара коледарска византиска песна

Вечниот Бог

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;
Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;
Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;
Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;
Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;
Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;
Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;
Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;
Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;
Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.​

 
Вистина се роди,нека е за многу години,него на еден другар му викам ајде Христос се роди,и пазите одговор,каде бе ми вика?:eek::pos::pos:.И после пак исто,сеа не знам дал не ме слушна,или што беше работава:tapp:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom