Христијанството целосна копија на паганските религии

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување
Члену,
кога мислев на писанијата, не мислев на библиските пораки на кои несосмнено се темели верата и вербата, ами на земските писанија на луѓето на црквата кои го направиле миксот за да им се приближат на луѓето.

На темава имаме слични становишта, така што ќе го поткрепам твоето напишано и понатаму.

Поздрав,
 
Член на раководството напиша:
тоа е твоето мислење и јас го подржувам апсолутно и до крај твоето право на свое мислење. Но само толку , а за дискусија е потребно повеќе од личен став базиран само на .... мисла, непоткрепена од факт, или образложено зошто тоа е или не е така. Како настанале светите писма, кој ги ”напишал” што е тоа што тие ”измислици и лаги” веќе 2 милениуми ги заведуваат милионите низ цела земјина топка, што е она што има во нив што и научници и доктори и обични луѓе и луѓе на власт ги привлекува и фасцинира. Јас би ти предложил да можеби своето непознавање го формулираш во прашања на кој би ти одговорил доколку навистина сакаш не да станиш верник туку да разбереш и сфатиш кога како настанало , што се главните одлики и пораки на хритијанството.

Да па види, народот е во принцип проста маса, па манипулираат со него. А верувам дека не е само мое мислење туку дека е на многу луѓе. И те молам не збори за моето незнаење, затоа што одвчера не можеш да сватиш некој работи за црквата
 
Член на раководството напиша:
Не би рекол дека народот е прост.... затоа што и ти и јас и твојата и мојата фамилија се Народ. Не би сакал да се делиме на оние или овие, а за твоето “незнаење“ нема повеќе да бидам груб (извини) но ако сметам дека зборуваш за нешто што не се темели на познавање или едукација ќе ти обрнам внимание на пофин и културен начин. Мене ми е малку напор за да наместо дискутитраме за вера религија мораме да се објаснуваме за темелите на христијанството кои се познати, фактички и неоспорни (не зборувам за догмата која може и е предмет на дискусии) туку за општопознати историски факти како на пример поделеноста на Христијанската црква, историјатот на настанокот на Христијанството, писмата који се и кога настанале и сл....

Не мислев, онолку прост, колку што лесно се манипулира со нив. Што мислиш националноста зашто е измислена?
 
Неможев да ја читам цела тема па може и да се повторувам со некого, но, според мене спротиставени мислења на темава не треба да има. Христијанството (бар во библијата) има многу настани „копирано“ од други „религии“, литературни дела (под ова мислам потопот во „Гилгамеш“ и потопот на Ное.), култури, обичаи итн. Јас лично сум атеист, почитувам христијани (до одреден степен) како што почитувам други религии во светов, во секој случај според нив библијата е напишана од луѓе а не од „бога“ па... Луѓе сме, грешки праиме :)
 
Никој не тврди дека Библијата е напишана од Бога.
 
Ова ноторна лага пред неколку години се ширеше доста по интернетот, но откако беше разобличена со факти, полека почна да се повлекува од бојното поле на атеистите, освен се разбира во некои вакви заостанати средини каде што анти-христијаните се малку назад со времето и користат бајати напади кон христијанството.

Да не должам непотребно, доколку некој навистина е заинтересиран со оваа проблематика и сака да истражува, еве еден добар линк за жал се уште на англиски јазик (во процес е преведувањето):
http://thedevineevidence.com/jesus_similarities.html
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 16:37 ---
Postojat poveke primeri za toa deka hristijanstvoto e kopija na paganskite veri, ke navedam nekolku primeri:
1)Egipetskite sonchevi diskovi koi stanale oreoli na glavite na svetcite.
2)Izilda kako go doi sinot Hor- Bogorodica i Isus
3)Istotaka i voskresnuvanjeto hristovo- Bogot Mitra koj voskresnal po tri dena odkako bil zakopan.
4)Likot na gospod bog- ili grchkiot Zevs....
Dali se soglasuvate so ovaa teza ili ne?

Овие „сличности“ што се наведени во воведниот коментар на темава не се сличности меѓу христијанството и паганските религии, туку меѓу православието и паганските религи, бидејќи ореолите на светците, култот на Богородица, ликот на Исус - сите овие се одлики на православието, а не на изворното-библиско христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Имено, во Библијата нема никаде да најдете ореоли на светци, култ за Божјата мајка, никаде нема да најдете опис на ликот на Исус (ниту пак има било каков историски или археолошки остаток од ликот на Исус. Иконите се произвор на имагинацијата на православните во Византискиот период)

Што се однесува до 3-та точка каде што се тврди дека богот Митра наводно исто така воскреснал по три дена откако бил закопан, ова е тотално погрешно и измислено. Доколку некој сака да не убеди во спротивното, нека повели нека цитира соодветен историски ИЗВОР од оваа случка.
Само да се разбереме, линк од некој друг форум или блог каде што некој 12-годишен американец пишал дека Митра бил три дена закопан во гроб и воскренсал не се смета за историски извор :D
 
.

Неможев да ја читам цела тема па може и да се повторувам со некого, но, според мене спротиставени мислења на темава не треба да има. Христијанството (бар во библијата) има многу настани „копирано“ од други „религии“, литературни дела (под ова мислам потопот во „Гилгамеш“ и потопот на Ное.), култури, обичаи итн. Јас лично сум атеист, почитувам христијани (до одреден степен) како што почитувам други религии во светов, во секој случај според нив библијата е напишана од луѓе а не од „бога“ па... Луѓе сме, грешки праиме :)

.

Воопшто не е ново нити чудно дека човекот духовно слеп не може да увиди дека се’ што е добро и вистинито во паганскиот митос е само бледа сенка која потекнува, упатува и укажува на БОЖЈИОТ Логос, Кого што Единствениот Вистински и Совршен БОГ - за спасение на сите - Го отелотвори во Исус Христос!

БОГ секому нека Го дари Светиот Дух, та секој да Ја препознае и признае Вистината

Амин

.

.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom