Тоа и пробав бе пријател да ти го посочам, дека се замарате со глупости.
Како може да прашаш кој јогурт да му го даваш???? Што е следно: дали треба да го покриваш кучето кога ќе спие?
Не прашуваш дали треба млеко или јогурт,колку калциум треба да му дадеш,дали треба кутрето да е дебело или послабо,дали и колку треба да го шеташ итн...ти се фаќаш за сосема небитна работа.
Ај кажи логички, ти што мислиш , што ќе му стане на кутрето ако му дадеш Баланс или Бучен козјак? Ке умре ли?
Да ти кажам нешто битно: чувам кучиња повеќе од триесет години, до сега не сум имал деформирано куче, не ми умрело куче од мачја куга и слично, не ме пцуел или бркал никој до сега дека сум му дал фалично кутре.....и да, користам гранулат колку да не им стане монотоно на кучињата, или кога немам храна спремна. Кучињата мои се секогаш истрчани, изиграни...и поради тоа се среќни,убави, и мирни.
Што правеле луѓето порано кога немало дехидрати? Зошто не јадеш ти месо во прав или во гранули, туку бараш свежо мевце?
Ако веќе знаеш,зошто прашуваш? Или сакаш да го провериш знаењето?
Еве ти помогни ми,бидејќи ги разбираш дехидративе, со што да ги хранам моите 3 кучиња од по 50 кг, и колку ќе ме кошта месечно?