Храна за кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Препорака за храна за Германски овчер што може да се најде кај нас ?
 
Другар, земи си поквалитетен дехидрат, ако ти го јаде кучето и ако гледаш позитивни резултати терај си со тој.
Секое куче ти е индивидуално.
Имаш премиум храни што покажале добар резултат а не се толку скапи, разлистај ја темава 4-5 страни наназад, ќе видиш имаме пишувано. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
За Кане Корсо 2ипол години која храна највеќе му одговара, и колкава тежина тежина треба да има? Има педигре и е прочистувано, витамини, и се, ама не ми изгледа големо и дебело.
 
Ако е машко границата е од 45-50Kg кај женките 5Kg помалце.
Со каква храна си го хранел/а до сега, и каков бил изметот, би требало да приметиш која храна му одговарала највеќе.
Иначе зависи од финансии твои па да ти препорачаме вреќа храна.
 
До 2.000 денари некоја, иначе досега му имам давано повеќе врсти, но сега сакам да му дадам некоја поквалитетна, иначе мажјак е, gold боја.
 
За цената ќе пуштиш уште малце, ама еве ти некој предлог:
Brit, Brit Care, Top Breeder овие се со цена која би ти одговарала.
Royal, Eukanuba и Purina според мене се преценети и многу скапи, а не го нудат тоа што треба.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
За цената ќе пуштиш уште малце, ама еве ти некој предлог:
Brit, Brit Care, Top Breeder овие се со цена која би ти одговарала.
Royal, Eukanuba и Purina според мене се преценети и многу скапи, а не го нудат тоа што треба.
Дека е преценета Пурина да, а дека не го нудат тоа што треба не би рекла, го знам по мојата кучка, го знам по кутрињата што ги поставив во темата Лабрадор Ретривер.

Секоја храна ако за една раса е добра, кај друга немора да се покаже, глобално Пурина Про План е врв за лабрадорите.
 
Може, не викам дека не сепак мораш да пробаш за да видиш како ќе се покаже во пракса.
Lu најубаво знае на своја кожа со доберманчето за храна што и како одговара итн итн.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Може, не викам дека не сепак мораш да пробаш за да видиш како ќе се покаже во пракса.
Lu најубаво знае на своја кожа со доберманчето за храна што и како одговара итн итн.
Да, многу дехидрати сменив додека да го пронајдам вистинскиот што ќе и одговара на Астра.

Моето досегашно искуство покажа дека брендот и „името“ на одреден дехидрат, не ви гарантира апсолутно ништо дека ќе му одговара на вашето куче ... се додека не го пробате и видите како ќе се покаже во пракса.

Конкретно во Македонија ги форсираат овие три бренда:
- Royal Canin
- Eukanuba
- Purina ProPlan

За овие три дехидрати велат дека се најквалитетни во Македонија, но јас ви гарантирам дека не се најквалитетни.
Во Македонија има многу поквалитетни дехидрати и со многу подобар состав од Royal Canin, Eukanuba и Purina ProPlan.

И јас порано слепо верував на брендот и „името“ но во пракса се покажа дека не се ништо посебно (барем така се покажаа кај мојата Доберманка), нонстоп имаше мека столица, и не ја искористуваше правилно храната ... такада џабе „името“ и репутацијата на овие 3 дехидрати кога се покажаа тиња во мојот случај.

Јас го најдов вистинскиот дехидрат што и одговара на Астра и прекрасно го искористува - а тоа е Brit Care.
Brit Care е многу квалитетен дехидрат (еден од најквалитетните што се увезуваат во МК), не содржи житарици (освен ориз, кој што е корисен) и во состав е далеку понапред од оние 3 дехидрати што ги форсираат во МК.
За цената ќе пуштиш уште малце, ама еве ти некој предлог:
Brit, Brit Care, Top Breeder овие се со цена која би ти одговарала.
Royal, Eukanuba и Purina според мене се преценети и многу скапи, а не го нудат тоа што треба.

За првиот дехидрат би те корегирала.
Brit е лоу буџет храна, што би се рекло економи линија, и во составот има повеќе житарици од што е препорачливо и слаб состав, недоволна количина на месо, протеини, масти и сл.
Од брендот Brit ги препорачувам само Brit Care и Brit Premium линиите, обичниот економи Brit е со слаб состав.

А за овие три што ги форсираат (Royal Canin, Eukanuba и Purina ProPlan), потполно се согласувам со тебе, повеќе се плаќа „името“ одколку квалитетот што го нудат.
За помала цена можат да се најдат многу поквалитетни дехидрати во МК од тие три што ги форсираат, ама за жал тие поквалитетните немаат „име“ во МК и луѓево незнаат каков состав треба да има една квалитетна храна.

Конкретно Royal Canin што толку многу го форсираат, на прво место во составот (првата состојака) се житарици ... па сега видете и сами проценете.
За Кане Корсо 2ипол години која храна највеќе му одговара, и колкава тежина тежина треба да има? Има педигре и е прочистувано, витамини, и се, ама не ми изгледа големо и дебело.

Тежина за мажјак просек е 50 - 55 кила.
Поентата е во тоа што нетреба да изгледа дебело, туку треба да има цврст костур и мускулна маса.
Големината (висината) најмногу зависи од генетиката.
Ти ако сакаш храни го и со најквалитетните дехидрати и давај му и пилешко и телешко месо ... ако има лоша генетика се' ти е џабе.
Затоа генетиката е на прво место.
 
Генетиката и храната се надополнуваат, тоа е мое мислење, бидејќи ете пример имаш кутре од родители што се поим за расата и го храниш со никаква храна ... кога тој потенцијал ке дојде до израз? Никогаш!

Во врска со храните, мислам дека бар ние тројцата имаме за ова баш доста дискутирано, и се сложувам со вас.
Во Србија како што слушнав има некои нови храни кои се стигнати.

Кога јас би можела да бирам што ќе давам нема да биде Про План, туку Оријен или Wild Taste тоа се многу добри храни базирани на типот raw food.
 
Имаш ли некоја информација, линк, било што кој се тие храни во Србија?
Покрај тие што ги спомна има уште доста квалитетни храни кој ќе ги спомнам на PC штом седнам.
За raw food храна неколку поста назад мислам дека ја спомнав, и K9 Natural ѕирни го составот само :)

Sent from my LT22i
 
К9 е само една од многуте храни, инаку Оријенот ја има во Бугарија, ако не грешам.
Исто така слушнав дека од неодамна во Србија ја носеле и Wild Taste т.е. Taste of the Wild и го помешав името. Инаку, за К9 имам читано по американскиве форуми :)

Во Србија што имаат кажано е дека нешто ново е Nutrivet, и тоа со многу добра понуда, со повеќе видови и различни вкусови, а мислам дека е исто така Grain Free.
 
Генетиката и храната се надополнуваат, тоа е мое мислење, бидејќи ете пример имаш кутре од родители што се поим за расата и го храниш со никаква храна ... кога тој потенцијал ке дојде до израз? Никогаш!

Во врска со храните, мислам дека бар ние тројцата имаме за ова баш доста дискутирано, и се сложувам со вас.
Во Србија како што слушнав има некои нови храни кои се стигнати.

Кога јас би можела да бирам што ќе давам нема да биде Про План, туку Оријен или Wild Taste тоа се многу добри храни базирани на типот raw food.

Да, се согласувам, генетиката и квалитетната исхрана се надополнуваат, но сепак и двете се клучни фактори, и неможат да функционираат едно без друго, за да биде еден примерок од расата како што треба по стандард.

Џабе е и да има најдобра генетика, ако не се храни квалитетно, нема да дојде до израз генетиката.
Но исто така, ако има лоша генетика, џабе е и најквалитетно на свет да го храниш, пак нема да биде тоа што треба.
Затоа генетиката и квалитетната исхрана се клучно поврзани, и се најважните 2 работи за да се има квалитетен примерок од одредена раса.

За Orijen имаше обид за увоз во Македонија.
Еве една листа со најквалитетните дехидрати што за жал не се увезуваат во Македонија:
- Orijen
- Taste of the Wild
- Wellness Core
- Innova EVO
- Go Natural
- Blue Wilderness
- Instinct
- Artemis
- Acana
- Canidae
- Solid Gold ...
 
Во една продавница за миленици ми рекоа дека Оријен не се увезува затоа што една вреќа била 100 евра, па најверојатно ќе има многу малку што ќе можат да си ја дозволат, така што на увозникот нема да му се исплати.
 
Да, се согласувам, генетиката и квалитетната исхрана се надополнуваат, но сепак и двете се клучни фактори, и неможат да функционираат едно без друго, за да биде еден примерок од расата како што треба по стандард.

Џабе е и да има најдобра генетика, ако не се храни квалитетно, нема да дојде до израз генетиката.
Но исто така, ако има лоша генетика, џабе е и најквалитетно на свет да го храниш, пак нема да биде тоа што треба.
Затоа генетиката и квалитетната исхрана се клучно поврзани, и се најважните 2 работи за да се има квалитетен примерок од одредена раса.

За Orijen имаше обид за увоз во Македонија.
Еве една листа со најквалитетните дехидрати што за жал не се увезуваат во Македонија:
- Orijen
- Taste of the Wild
- Wellness Core
- Innova EVO
- Go Natural
- Blue Wilderness
- Instinct
- Artemis
- Acana
- Canidae
- Solid Gold ...
Имаше за Оријен неколку пати не еднаш...едноставно канаѓаните сметаат дека овој пазар е мал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom