Хорор филмови

Гледај го, најверојатно воопшто нема да ти биде страшен. "Егзорцистот" страда од ситизен кејн синдромот, односно неколку децении по неговото појавување просечните филмаџии неможат да сфатат what the fuss is all about. Треба да се запамети дека иако гледан од сегашен аспект не е ништо посебно, овој филм бил револуционерен и доста влијателен во своето време.
 
ме интетресира нешто во врска со оригиналот, некој велат дека е комплетно друг филм, јас на пример имам гледано еден филм на тв многу одамна, исто вака беше со егзорцизм на едно девојче, ама наместо на втори спат, беше во таванска соба, и местото беше многу морнчаво, у пм се мочнав додека го гледав, па затоа си реков да не е тој оригиналот, јас имам читано дека е истиот филм само има некој сцени исечени. некој ако сака да ми објасни ???
иначе од филмот саундтракот е у пм морничав, страв ме фаќаше иако немаше ништо на филмот
 
Aх , пак отворивте дискусија за Егзорцист. Само едно ќе кажам 1973 !!! Буквално бев фрапиран кога ја видов годината кога е снимен филмот . Како Хичкок беше пред времето со своите трилери во 50-тите и 60-тите , така е и овој филм во однос на Хорорите . Едноставно не ти дава да стивнеш , не е како глупите денешни хорори , со милион рестрикции што ги прават по 3-4 "страшни" сцени во цел филм . Јас го гледав сам , пред година дена и со оглед на тоа дека оддамна сум 18+ можам да кажам дека кога го изгасив светлото да спијам филмот си имаше ефект врз мене , нешто што бев убеден дека нема да ми се случи после хорор. Е сега , имате право за она шо викате пародиите што се прават со некои сцени , едноставно те омекнуваат колку толку . Но не бидете смешни со извјавите "Ми беше смешен" . Are you kiddin' me ? Сам во мрак никако не може да се смееш на филмов.

п.с некој што го гледал филмот да ми одговори нешто . дали има некое значење на крајот на филмот , кога Отецот му го дава ланецот на тој во колата ? Мене ли ми се чини , или ланецот ја смени формата ?
 
Овие ми се најдобри.
1.The Shinning 1997
2.The Blair Witch Project
3.House on the Hounter Hill
4.Ring
5.Ring 2
Сеа ќе има и Ring 3 вајда и тој ќе биде добар.Ако немате гледано некој од овие, гледајте стварно се моќни :)
 
Прашање до модернаторот:
Зошто ми ја спои темата за Егзорцист 1973 со хорор филмови?Овој филм не заслужува своја тема?Филмови од типот на Пила можат да имаат своја тема а кралот на хорорите несмее?
Не е во ред вака, неможе да се развие таква дискусија како во посебна тема.Би било добро да се врати старата тема.

Се извинувам ако имало тема за филмов, барав но не ја најдов
 
The Ring? Уф какво срање од хорор, не знам зошто, ама ич не го осетив како добар филм. Може у лош момент сум го гледал, не знам :)
 
ако ти така мислиш за овај филм дека заслужува тема , ако 1 до10 хорори си изгледал и си мислиш дека само тој заслужува ... Јас мислам дека и другите 10тина хорори заслужувааат тема , и сеа да отвораме за секој филм тема тогаш форумов нема да е то шо беше :icon_mrgr:.

Иначе најјезиви филмови ми се The Grudge , Shutter 2004 , The Ring.. поточно кажано азискиве филмови
 
Прашање до модернаторот:
Зошто ми ја спои темата за Егзорцист 1973 со хорор филмови?Овој филм не заслужува своја тема?Филмови од типот на Пила можат да имаат своја тема а кралот на хорорите несмее?
Не е во ред вака, неможе да се развие таква дискусија како во посебна тема.Би било добро да се врати старата тема.

Се извинувам ако имало тема за филмов, барав но не ја најдов

Иосоно или џими ја имаат споено, но јас можам да ги одговорам зошто е споена со оваа тема.
Не смеат да се отвораат теми за секој филм посебно, во тој случај подофорумов би се направил хаос, има секој да отвора тема за филм што му е омилен.
А што се однесува до Пила, тоа е серијал, седум дела се и не може да имаат ист третман како еден филм.
--- надополнето: Sep 23, 2011 9:06 AM ---
The Ring? Уф какво срање од хорор, не знам зошто, ама ич не го осетив како добар филм. Може у лош момент сум го гледал, не знам :)
И јас не го сакам филмов. Толку е нелогичен што е смешен. Фина пародија му направија во мал милион филмови
 
Замислете сами го глеате филмот дома во 01:30 и наеднаш тропа вратата и комшиката ви бара шекер !! :D ахах
ако дојде комшивката ќе и дадеш шекер потоа ќе ја поканиш да го гледа филмот, па кога ќе заврши филмот ќе имаш sex со неа едноставно е :)
 
Излегува вториот дел на The Human Centipede, за првиот мислењата се поделени но во секој случај не остава никој рамнодушен.

Еве го трејлерот за вториот дел

Aх , пак отворивте дискусија за Егзорцист. Само едно ќе кажам 1973 !!! Буквално бев фрапиран кога ја видов годината кога е снимен филмот . Како Хичкок беше пред времето со своите трилери во 50-тите и 60-тите , така е и овој филм во однос на Хорорите . Едноставно не ти дава да стивнеш , не е како глупите денешни хорори , со милион рестрикции што ги прават по 3-4 "страшни" сцени во цел филм . Јас го гледав сам , пред година дена и со оглед на тоа дека оддамна сум 18+ можам да кажам дека кога го изгасив светлото да спијам филмот си имаше ефект врз мене , нешто што бев убеден дека нема да ми се случи после хорор. Е сега , имате право за она шо викате пародиите што се прават со некои сцени , едноставно те омекнуваат колку толку . Но не бидете смешни со извјавите "Ми беше смешен" . Are you kiddin' me ? Сам во мрак никако не може да се смееш на филмов.

п.с некој што го гледал филмот да ми одговори нешто . дали има некое значење на крајот на филмот , кога Отецот му го дава ланецот на тој во колата ? Мене ли ми се чини , или ланецот ја смени формата ?

Егзорцист I си е веќе класика, евергрин. Тоа значи дека во извесна смисла на зборот е недопирлив, дека нема потреба од преоценување и евентуално омаловажување. Се работи за еден од ретките хорори за кои постои општа согласност дека се ремек дела. Да се разбереме, има многу одлични хорор филмови, но поради самата природа на жанрот, поретки се остварувањата кои наишле на широка потврда за квалитетот и кои го издржале тестот на времето (Претскажување 1+2, првиот Хеловен, Сјаење и уште неколку други филмови), од оние кои на пример, не сакаат хорор. Еден Титаник? ќе добие куп оскари, во многу категории, додека хоророт најчесто е осуден на оскар или само номинација за музика, специјални ефекти и сл. Не е Оскарот крајното мерило за квалитет, само за споредба.
Што се однесува до серијалот Егзорцист, најдобри се првиот и третиот дел. Вториот, многумина го прогласиле за еден од најлошите хорори воопшто (мене ми остави половичен, мошне млак впечаток, не мислам дека е дно на дното, ама како за продолжение на одличниот оригинал, сепак е разочарување. Од двојката нешто подобри се третиот дел, потоа релативно новиот приквел, а има мислам уште едно приквел-продолжение, кое според сите мерила веќе е најобична б-продукција. Сите овие филмови, освен 3-от дел, не можат да се рамнат во ништо со оригиналот, иако веројатно имаат далеку поголем буџет. Не ги вади ни тоа што се снимани многу подоцна па располагаат со понапредна технологија и имаат во таа смисла и поголеми можности. Едноставно, Егзорцист ја имаше истата судбина како и серијалите за Фреди, Хеловен, Претскажување итн.
 
Излегува вториот дел на The Human Centipede, за првиот мислењата се поделени но во секој случај не остава никој рамнодушен.

Еве го трејлерот за вториот дел

Преку глава од ваквиве филмови што само трупаат гадотии. Мислам, кој сака да си ги гледа нека си ги гледа, секој со вкусот, ама лично јас не сфаќам што е целта да натрупаш гадотии во 120 минути (отприлика лупнав).
 
The Ring? Уф какво срање од хорор, не знам зошто, ама ич не го осетив како добар филм. Може у лош момент сум го гледал, не знам :)

Ете сум го заборавил и Пила да го ставам во листата. Иначе The Ring не е до толку лош филм. Сигурно е дека оригиналот јапонскиот е подобар od америчкиот.
--- надополнето: Sep 23, 2011 10:54 AM ---
А иначе го гледал некој Белата кочија? (постар психолошки хорор)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom