Хонда - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво заинтересиран сим за купување на civic 2.2 2007 прва регистрација би и била тука конкретно што ја гледам таа и неискусен сум дали знаете колку пари е рег. и кои се добри и лоши работи за овој модел?


Лоши работи сервото,отежнува во вртење било лево или десно. Шал таблата страда од сонцето и можи да не покажува дел од саат,км....
Лоша предница,внимавај на неа. Чаури на виљушка често страдат. Друго нема.
Мотор на ланец,силен издржлив мотор. Звучната изолација е ок. Многу збораја дека немала добра изолација се додека не повозив хонда и можам да ти кажам дека потивка е внатре од голф 5. Не скапува лимариски,стабилна во кривини,интересна е за возење.

Шал таблата односно екранот за саатот и радиото е маана да, но може да се спречи со ставање на внатрешен чадор... плус заштита од сонце (по можност и однадвор) и немаш маки.

Дополнитени маани им се ретровизорите, односно електронското собирање. Но и тоа се решава за 1$ со менување на внатрешниот осигурувач. Следна маана амортизерите на багажникот, многу лесно попуштаат поради влагата што минува покрај амортизерите.

И најлоша маана, влегување на вода во багажникот. Тука особено мораш да обрнеш внимание во делот кај спојлерот и неговата заштита. Со тек навреме гумениот силикон попушта и мора да го обновите.
 
Здраво. јас сум нов член на групава. сопственик сум на Хонда Цивиц (VIII) 1.4 - Бензин, од 2006 година со јачина на моторот од 61 KW. Се беше добро до пред неколку месеци кога почна да ми прави проблем. Имено кога е ладен моторот и кога појдам да возам при стискање на кумплуг и кочница гасне. истото го прави се додека моторот не се загрее. Потоа го нема тој проблем. Дали некој имал ваков проблем?? Ве молам да сподели искуство за да го решам проблемот
 
Back
На врв Bottom