Затоа што и транс луѓето спаѓаат во населението што плаќа даноци и има потреба од здравствени услуги, во случајов ова е тоа што им е потребно нив. Не знам од каде ви е аргументот за изедначување на ова со пластична хирургија. Не спаѓа во пластична хирургија за корекција на изглед промената на пол во никој случај, напротив, медицинска интервенција е неповрзана толку естетски колку што е психички поврзана со родовата дисфорија и физичкото прилагодување на полот во кој тие се идентификуваат. Не им е неопходна оваа операција на некои луѓе и живеат без неа, особено на балканот бидејќи им е скапа, некои па имаат потреба од истата бидејќи им го ослеснува процесот на себеприфаќање, наоѓање на љубовен партнер и сл. Не верувам ни дека некој би се нафатил на ваква операција без претходно да има размислувано со години за истото и борејќи се со својот идентитет, оти ова не е факинг корекција на уши или нос туку нешто многу посериозно.
Пак ќе ти кажам, не држи вода изедначувањето со лесни пластични зафати како тие што ги збориш, оти знаеме сите дека истите се прават или од набиени комплекси или од желба за подобар изглед, неповрзано со никаква болест, што не е случајот кај родовата дисфорија. Сигурно нема трансродовото лице да излезе гол/а да покаже колку поубаво изгледа после операцијата, туку им помага на нив психички првично, па после сите други придобивки од истото.
Доколку се подоправи здравството, би го поддржал тоа целосно, сега не баш. Ама затоа трансродовите лица ја добиваат мојата безрезервна поддршка секогаш во борбата за ЖИВОТ (буквално, најизложени се на физичко и психичко насилство од ЛГБТ заедницата, највисок степен на убиства, и највисок степен на самоубиства има од трансродови лица).
Ако стврно си заинтересиран зошто и што придонесува оваа операција кај трансродовите лица, пиши ми, ќе ти пратам линкови со искуства на трансродови лица што ја направиле, повеќето со позитивно искуство, нормално има некои и со негативно.
Инаку, Кочо и уште неколку други (што не можам да ги најдам сега) поприлично добро ја резимираа целата таа ситуација со реакциите за оваа вест:
Прегледај го приврзокот 211870
И за крај, да ве потсетам на трансродовото лице што го доби случајот против Македонија, во Стразбур.