Пишувајте на темава:
Нови вести трансфери?
Кој ви е омилен клуб од Холандија?
Се што е во врска со Холанѓанското првенство?
Штотуку дознав интересна информација
Дуелите меѓу Ајакс и Феенорд без гостински навивачи
19.02.2009
Холандските фудбалски клубови Ајакс и Феенорд забранија присуство на гостински навивачи во наредните пет сезони на меѓусебните дуели на овие два клуба, поради насилството и навредливото скандирање на натпреварите.
Оваа одлука ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија в среда, после бројни состаноци со претставници на двата клуба и градоначалниците на Амстердам и Ротердам.
Тоа значи дека дерби натпреварите помеѓу Ајакс и Феенорд на стадионите ќе ги гледаат само домашните навивачи.
Полицијата во Амстердам во неделата, пред натпреварот меѓу Ајакс и Феенорд уапси 30 навивачи за предизвикување нереди. Ајакс тој натпревар го доби со 2:0.
„Можеби се чини дека ваквата одлука е претерана, но веќе ги предупредивме навивачите и мислиме дека е доста“, рече градоначалникот на Амстердам Јоб Коен за телевизијата НОС.
Феенорд во соопштението објавено на сајтот на клубот наведува дека и покрај предупредувањата, хулиганите учествувале во нередите, но и во навредливото однесување и навредување на противниците на стадионот.
„Иако се вложени големи напори на двата клуба и на полицијата, не успеавме да го одржиме редот на претходните натпревари. Градоначалниците, клубовите и Фудбалскиот сојуз веруваат дека е потребно време за да се смири ситуацијата меѓу навивачите“, се наведува во соопштението.
Навивачите на Феенорд и Ајакс имаат долга историја на нетрпеливост и меѓусебно насилство.
Во март 1997. година, навивач на Ајакс бил претепан во градот Бевервик, по што починал. Навивачите на Ајакс и Феенорд договориле тепачка во тој град, за да го избегнат присуството на полицијата на стадионот на Ајакс во Амстердам.
ИЗВОР http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=104630