ex machina
сфинге раја
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 721
- Поени од реакции
- 104
Ај некој запознаен, да ми каже, ако може, има ли Rh факторот некаква улога во однос на заразувањето од ХИВ. Оти цел нет го обрнав, пишува дека резус фактор позитивните и негативните, подеднакво заболуваат, и Rh нема никаква улога во имунитетот кон овој вирус.
Е сега, по некои други студии, околу 1% од светската популација, имала дефект на некој дел од телесните клетки, па поради тоа, не можеле да се заразат од ХИВ (???)
Некој поупатен да ми објасни за ова??![]()
Досега не сум прочитала дека е пронајдена поврзаност на RH фактор со подложност на HIV. И читни малку во темава пред да прашаш. Отпорноста на одреден (екстремно мал) дел од популацијата е објаснет тука:http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1222142&postcount=58 . Или специјално за тебе, ќе се цитирам:
Така е. Постојат луѓе со ретка мутација на одреден ген, која ги прави имуни на HIV, иако биле многу пати во директен контакт со вирусот. Се работи за пар од мутирани гени, кој спречува нивните имуни келии да го створат рецепторот CCR5. CCR5 дозволува на вирусот на сида да навлезе во клетката. За имунитет од HIV треба мутираниот ген да го има во двата хромозоми, односно да е наследен и од мајката и од таткото. Извор Wired, 2005. Луѓето кои го имаат мутираниот ген само во едниот хромозом, се поотпорни на сида, но не се имуни. Од друга страна, CCR5 е корисен за борба со други вируси, како на пример West Nile вирусот, така што не може да се направиме имуни на сида со едноставно блокирање на CCR5.
Од друга страна, во нови истражувања направени во Африка, се покажало дека обрежување (сунет, circumcision) драстично ја намалува опасноста за добивање на HIV вирусот (до 60%) кај луѓе кои практизираат секс без заштита, ама само кај мажите. Извор Newscientist. Дури и WHO препорачува обрежување, повторно извор Newscientist![]()