D
Daedalus
Гостин
Ново дизајнираните синтетички молекули го завземаат излезот на генетскиот материјал на вирусот од инфицираното клеточно јадро до цитоплазмата, со што размножувањето на вирусот е блокирано и избегната е инфекцијата на другите клетки.

Генетскиот материјал на ХИВ-1 вирусот, е формиран од РНА-та и енкодира специфични протеини кои му дозолуваат да пенетрира во човечките клетки и да се размножува во истите. Новите инхибитори на вирусот, наречени терфенилс, развиени од оваа група на научници, биле компјутерски дизајнирани за да ги зголемат интеракциите со еден од протеините кои се енкодирани од вирусот, виралниот протеин Rev.
На овој начин, тефенилсот се придружува на рецепторот на Rev во виралната RNA, со што ја превентира интеракцијата помеѓу протеинот и неговиот РНА рецептор. Оваа интеракција е потребна за генетскиот материјал на вирусот да го напушти јадрото на инфектираната клетка и, притоа, тоа е од клучно значење за преживувањето на HIV-1. Терфенилсот го блокира генетскиот материјал на вирусот од излегувањето на клетката со што спречува инфицирање на други клетки.
Откритието е резултат на блиска соработка помеѓу три истражувачки групи низ годините. Сепак, научниците на универзитетот Католика де Валенсија ја имаа функцијата создавање на компјутерски дизајн и верифицирале експериментално дека терфенилсот бил способен за вклучување кон Rev рецепторот во виралната РНА и инхибирање на интеракцијата помеѓу РНА-та и протеинот.
Молекулите биле синтетизирани во хемиската лабораторија на професорот Сантос Фустеро. Исто така, низ експериментите со клетките кои биле инфицирани од вирусот, истражувачите демонстрирале дека инхибиторите ја блокираат репликацијата на HIV-1 вирусот и ја инхибираат функцијата на Rev протеинот, потврдувајќи ја на овој начин валидноста на моделите кои биле генерирани на компјутерот.
Иако неколку природни антибиотици делуваат на рибозомалната РНА на бактериско ниво, до сега, дизајнирање на нов синтетички ентитет кој е способен за влегување во целната РНА и со релевантен фармацевтски ефект било невозможно. Структурите на терфинилот кои биле идентификувани во ова истражување можат да отворат нови патишта и пристапи кон други видови на терапии кои се формираат со помош на јадрени киселини.
Од друга рака, инфекцијата од ХИВ афектирала 34 милиони луѓе низ светот во 2010 година, според Светската Организација за Здравје. Недостатокот од релевантни решенија создал потреба од нови пристапи кон овој проблем.
Резултатите од ова истражување се патентирани и трите лаборатории кои биле вклучени во истражувањето ја оддржуваат нивната соработка со цел да се подобрат фамацевтските особини на новите Rev инхибитори.
Извор: Решение за сидата пронајдено