ХипХоплетика

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Одлични се, на настапот пред Легија во Кадмо пред 2 недели направија парче, одлично се држат, само така нека продолжат. Иначе спотот за мултиталенти песната ќе биде ооопасно добар, осеќам. Ќе летаат карти насекаде, ифјуноуатајмин. :)
 
И конечно, спотот за песната Мултиталенти од Дудо и Далтон.

 
Почит за момците. Стварно имаат талент. Најновава песна што им излезе - Мултиталенти ептен ми се свиѓа и им држам среќа понатака да продолжат со музика и со картите. :)
 
Па во ред повеќе мултиталенти е на дудо значи припадност на ДНС , но од друга страна сепак да , и Далтон член на Хип Хоплетика е на траката :)
Имаат добра харизма во екипата , но многу ги поразува тоа што Мега и Тајзи „Џгановите“ навлегуваат со нив на траки!
 
Па во ред повеќе мултиталенти е на дудо значи припадност на ДНС , но од друга страна сепак да , и Далтон член на Хип Хоплетика е на траката :)
Имаат добра харизма во екипата , но многу ги поразува тоа што Мега и Тајзи „Џгановите“ навлегуваат со нив на траки!

Мега и остали не се појавуваат со ХипХоплетика, туку со поединци, во случајов Нож, а Нож може да си одбира со кој ќе снима песна покрај ХипХоплетика. :)
 
ДЕКИ О2 ПРОДОЛЖУВА СО СВОЕТО ШОУ

155696_1597600694735_1077513223_31724912_7698092_n  .jpg


Деки о2 продолжува со своето шоу! Деки о2 е македонски рап артист, кој низ 6 години работа се зафати да го снима и работи својот прв соло албум. Досега има издадено 2 албума, во 2007 година како дел од бендот Совршена Структура (Деки о2 и Далтон) и вториот албум кој излезе во јануари оваа година насловен како "Во Секој Поглед" кој беше соработка со Страчка! Воедно тој е дел од групацијата Хипхоплетика која брои 9 членови и кои се актуелни поседници на наградата "Најдобри Дебитанти за 2009". Деки о2 Шоу е првиот сингл кој го пушта на јавноста пред издавање на својот албум. Самата песна е склоп на рап и реге звуци, кои прилично интересно се вклопуваат со доброто мц-ињање на самиот артист. Песната е продуцирана од Баже ДСЦ, мастеринг - Мастер Јо, снимана во студиото на Хипхоплетика. Преостанува да уживате во шоуто на Деки о2 и да се размрдате со комбинираните рап и реге звуци! Во продолжение го имате линкот

 
ДАЛТОНИ МАЕСТРО ЗА ХИПХОП.МК “РЕИНКАРНАЦИЈА“ ЗА DOWNLOAD

565_hiphopletika-1.jpg


Нова песна од членот на ХипХоплетика (Александар Ѓорѓевиќ) или познат како Далтон а.ка. Далтони Маестро. Освен него, траката е збогатена и со скречовите на Dj-ot на хипхоплетика, DJ Drazzy Drags. Продукцијата е исто така на Далтон, снимена во студиото на хипхоплетика, односно кај Master Yo. Со оваа песна се најавува добар рап кој штотуку ќе следи од Далтон, а секако и од хипхоплетика. Во врска со темата нема многу да се збори бидејќи е добро позната, но малку практикувана, а тоа е егзистенција на вистинскиот рап звук кој што постоел пред скоро деценија и кој што вреди да се задржи, а не да се изобличува и трансформира во нешто ново и многу далечно од самиот поим рап. Линкот за да ја симнете песната се наоѓа под содржината. Уживајте во слушањето, а после преслушувањето оставете и коментар !:)

Линк за симнување на песната

hiphop.mk

 
Еве една моја "компилација" на стари песни од ХипХоплетика. :)








химната на последна 4ка (Чернобил)


 
Одлични се. Една од најдобрите групи во Македонија според мене :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom