Хематопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крстителот
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Веб-сајт
www.angelfire.com
За каква болест се работи, како може да се добие и како треба да се лекува? Колку брзо може да се излекува? Дали во Македонија има доктори-специјалисти за оваа болест? Дали може на болните од оваа болест да им помогне секој и како? Дали е оваа болест смртоносна? Каде може да се прочита повеќе и да се научи повеќе за оваа болест?
 
Хематопатија е било какво заболување на крвта. Треба да се одреди точно какво е заболувањето за да се дефинира лекувањето и се' друго.
 
се согласувам еве подетално малку...
поради фактот што „хематопатија“ е само заеднички (генерички) термин, кој ги обединува сите болести на крвта и крвоносниот систем, не станува збор за една болест.
Овие болести се многу важен дел од медицинските науки, бидејќи со нив се сретнуваме секојдневно - почнувајќи од сосема незначителната анемија (слабокрвност), која е последица на малиот внес на железо во организмот, па завршувајќи со многу опасната леукемија (канцерогено заболување на крвта), која за жал во повеќето случаи е смртоносна.
Затоа, за да дознаете повеќе за хематопатијата, Ве советувам да се задлабочите во теоријата на болестите на крвта и крвоносниот систем, кои ги има навистина многу. Тоа можете да го сторите користејќи некоја компетентна и стручна литература, а не интернет страници, кои можат да ве доведат во тотална небулоза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom