се согласувам еве подетално малку...
поради фактот што „хематопатија“ е само заеднички (генерички) термин, кој ги обединува сите болести на крвта и крвоносниот систем, не станува збор за една болест.
Овие болести се многу важен дел од медицинските науки, бидејќи со нив се сретнуваме секојдневно - почнувајќи од сосема незначителната анемија (слабокрвност), која е последица на малиот внес на железо во организмот, па завршувајќи со многу опасната леукемија (канцерогено заболување на крвта), која за жал во повеќето случаи е смртоносна.
Затоа, за да дознаете повеќе за хематопатијата, Ве советувам да се задлабочите во теоријата на болестите на крвта и крвоносниот систем, кои ги има навистина многу. Тоа можете да го сторите користејќи некоја компетентна и стручна литература, а не интернет страници, кои можат да ве доведат во тотална небулоза.