Хедонизам или максимално уживање...Сите сме хедонисти по некое прашање во кое си ги предаваме сетилата и не прашуваме за цената. Не навлегувам во аспектот дали моралот или етиката се косат со хедонизмот, она што ме интересира е дали хедонизмот е чист еготрип и која е користа од хедонизмот ако уживањето е само наше? Ако уште од античко време филозофите го потенцирале неговото постоење можно ли е човекот некогаш да го победи хедонизмот и разумно да консумира се? Три кутии цигари дневно, психотропни супстанции, безброј пороци од различен вид, живот потрошен на задоволства кои скапо чинат, емоционален хедонизам? Што е центарот на вашиот хедонизам? На што ги предавате вашите сетила и не прашувате за цена?
Во болдот е одговорот на прашањето.
А како ќе се врти парата,како ќе расте економијата,како ќе има нови вработувања ако не трошиме повеќе и повеќе и ако немаме нови и нови потреби и се поголема толеранција на супстанците?
Во некоја смисла е его-трип,бидејќи на ТВ ни соопштиле шо ни треба за конечно да сме среќни...
Ќе ти смее народот со мобилен 2 години стар не оди тоа така...
Колку повеќе се претерува толку повеќе вработувања,нови чколии,повеќе студенти за кои треба професори,па за оние кои ќе имаат мака од хедонистичкиот начин на живеачка ќе требаат лекари,психолози,лекови,аптеки,гробари за да ги закопаат оние кои ептен забегале и слично.
Увозни фирми ќе се отворат,фармацевтската индустрија е тука,па мали бизниси локални,дилери ехеееее......
Некој тутунар ќе остане без леб ако ги намалам цигарите така да...
Не треба да сме себични и да мислиме дека ако ние сме здрави,прави,весели,среќни дека со тоа сме постигнале нешто!!!!!!
Тоа е себичност!
Заради таквите забегани некој Раџив од Калкута ќе остани без работа,Митре шо увезува фармерки од кај шо работи Раџив нема да има пари за да плати ратата од кредитот шо го зел за да отвори увозна фирма за текстил и ќе му оди станот на тапан, а Раџив има 7 гладни усти шо треба да се ранат со тие 2 долари шо ги зема за 12 саати црнчење.Плус и оној типот,фин,културен шо се врти позади киното ќе му остани непродаена робата па ќе му кршат колена после или ќе мора да ја сечи робата пак и ете ти беља нова...
Затоа никаква умереност!!!
Мислете и на другите бе еееееејјјјјј не само на себе...ццц...:pos2:
Стиснати ко евреишта,цинцари,шкотланѓани и велешани и после сакале економијата да расте е па нема бе!!!! Немало нови вработувања - е па ќе нема...
Затоа трк по најновиот мобилен!!!
Доста филозофирања,треба да се работи и троши,да врти пара...
Ако нема промискуитет,како ќе се трошат пари на швалерај,услужна дејност,мотели,хотели,бензин,имаш научни истражувања,психолози,па пак гробарите некој ако се самоубие ко во филмовите или ако закачи некоја болештина...тука има леб и за лекари и за професори и за аптекари,па има и проститутки тука,кој ги прашал нив ај сеа сите ќе сме моногамни,ами ако сме моногамни колку усти ненајадени,колку кариери неисполнети,соништа за јахти и вили прекинати...
Хедонизмот е консумеризам а тој е дел од евангелието капиталистичко.