Етил-боранот бил проблем, прескапо гориво кое се произведувало само за ектремни проекти како овој и СР-71.
Инаку не се распаднал ниеден во лет, уште помалку при мах 2.5, достигнати се 3.1, два се произведени третиот не бил довршен кога програмата била откажана, имало една несреќа кога пратечки ловец Ф-104 изгубил контрола (а Старфајтерот често губел контрола, познат бил како летечки ковчег) и се акнал во вертикалниот стабилизатор на Валкирата...
огнената топка е Ф-104 а Б-70 после престанувањето на дејството на инерцијата, полека се превртува и влегува во спин...
Нуклеарен авион...имало еден Б-36 адаптиран во НБ-36 и еден Ту-22 слично модифициран...излегло дека пилотите освен часови налет добиваат и тумори гратис а оловото е крајно непријателски материјал во било каква комбинација поврзана со летање...така да ништо од тоа.
П.С. Русите биле попаметни хахахах изградиле 4 Т-4 наспроти 2 Б-70 а најбрзиот од тие 4 достигнал мах 1.3 скоро трипати послабо од брзината на Б-70...другите не успеале ни да полетаат...