XB-70 Валкирие за малку ќе станел првиот авион на нуклеарен погон

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Валкирие бил водечки авион на времето, некои викаат со децении понапред пред било која друга машина.

Што јест, јест!! :salut:

XB-70-Valkyrie-02.jpg
н

XB-70-Valkyrie-NASA.jpg

XB-70-Valkyrie-04.jpg

http://www.wired.com/dangerroom/2010/12/meet-the-xb-70-valkyrie-almost-the-world%E2%80%99s-1st-nuclear-aircraft/

А зошто за малку??? објасни пошто мене ме заинтересира, Не бил направен во целост? Им ја украдија технологијата?? позз:smir:
 
Го изгледа видеото? Изгледа не. Да го изгледаше ќе знаеше зошто.
 
ХВ-70 во тоа време немало шанса да преживее. Едноставно материјалите и технологијата од кои бил изработен биле прескапи.
А и голем проблем било горивото, но најголем проблем бил маневрирањето при огромните брзини што ги постигнувал. Првиот авион што го направиле се распаднал кога достигнал брзина од 2,5 маха.
Мислам дека направиле 3 авиони вкупно, еден денес е во музеј а останатите 2 биле уништени.

Интересно е и што Русите имале ист проект, Т-4, но биле попаметни - го откажеле проектот навреме.

Али денес технологијата е на доста високо ниво и не би било некој голем проблем да се направи таков авион.
 
Етил-боранот бил проблем, прескапо гориво кое се произведувало само за ектремни проекти како овој и СР-71.
Инаку не се распаднал ниеден во лет, уште помалку при мах 2.5, достигнати се 3.1, два се произведени третиот не бил довршен кога програмата била откажана, имало една несреќа кога пратечки ловец Ф-104 изгубил контрола (а Старфајтерот често губел контрола, познат бил како летечки ковчег) и се акнал во вертикалниот стабилизатор на Валкирата...

огнената топка е Ф-104 а Б-70 после престанувањето на дејството на инерцијата, полека се превртува и влегува во спин...

Нуклеарен авион...имало еден Б-36 адаптиран во НБ-36 и еден Ту-22 слично модифициран...излегло дека пилотите освен часови налет добиваат и тумори гратис а оловото е крајно непријателски материјал во било каква комбинација поврзана со летање...така да ништо од тоа.

П.С. Русите биле попаметни хахахах изградиле 4 Т-4 наспроти 2 Б-70 а најбрзиот од тие 4 достигнал мах 1.3 скоро трипати послабо од брзината на Б-70...другите не успеале ни да полетаат...
 
Да, во право си за болдот, авионот не се распаднал целосно, т.е. урнал, туку претходно на едно тестирање се одделил некој дел од авионот уништувајќи ги моторите.
Подоцна, вториот авион бил уништен како последица на Ф-104.

Додека Русите направиле само 2 авиона, а 2 не ги доправиле. Но и тие двата биле само прототипови, а програмата била откажана на сред тестирања.
 
B-36aarrivalcarswell1948.jpg

“Нуклеарниот“ Б-36 (големото) и единствениот кој во борбена употреба фрлил атомска Б-29 (малото)...:)

Два авиони имало на кои се правени експерименти околу нуклеарен погон, двата проекти неуспешни, NB-36 и Ту-119 кои не биле на нуклеарен погон туку требало да испитаат дали може да се користи реактор во авион за понатаму да служи за погон.
Поточно парен погон, бидејќи пареа под висок притисок и температура добиена преку реакторот требало да служи наместо керозин, дури Џенерал Електрик развивал и соодветен мотор, X-39...

ФЕИЛ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom