Нензаењето е благослов...
ada напиша:
Харе Кришна е дефинитивно секта, која се користи со манипулација, заведување, искористување и разни облици на контрола врз членството. Нивните главни учења се состојат од ведските книги, кои потекнуваат од браманизмот, а се користат и во будизмот и хиндуизмот.
Инаку оваа секта е оформена во втората половина на 20-от век и прилично е индикативно тоа што иако нејзиниот водач е по потекло од Индија, во оваа земја имаат исклучително мал број на следбеници.
Лично воопшто не ми се допаѓа оваа секта, а бидејќи сум имала можност одблиску да бидам запознаена со начинот на кој функционира, слободно можам да речам дека ги експлоатира членовите и дека користи разни видови на манипулација кои ги крие позади наводна духовност.
Неверојатно колку е лесно човек да завземе негативен став за она што не му е познато, далечно, што му го вознемирува. Навистина е жално, па ке речам и патетично, твоево излагање (како и оние предходните)... типично македонско закоравено, полно со предрасуди... а се поради тоа што ве мрзи малку подлабоко да навлезете во учењето на одредено духово движење или традиција и да се обидете објективно, колку токлу, да ја сфатите срцевината на тоа учење (можевте барем да го прочитате линкот што ви го пушти Иги). Но и не можам повеќе да очекувам бидејќи критизирањето (а не здравата критика) е карактеристична за секоја затворена култура (каква што е нашата), посебно имајќи го в предвид непозавањето на сопствената православна култура (која не дека секој треба да ја прифати, но дефинитивно треба да ја познава, а кога човек би ја познавал и живеел не би давал вакви коментари). Но тоа и не е толку наша вина...
Критиките и коментарите на оваа тема се однесуваа претежно на формата, а не на суштината - како изгледаат, како се облекуваат, што јадат, како живеат, кои им се активностите, како се организирани... и сите се дадени низ субјективната призма, личното доживување и впечатоци.
Најчесто ова движење (од кое сум дел 11 години) е етикетирано како секта поради својата езотеричност, неконвенционалност... се сеќавам самиот како реагирав на таа ”појава” кога прв пат ги видов пред 18 години... Но ”секта” е група која се издвојува од одредено изворно (матично) верување (учење) и создава свои сопствени поравила на духовна пракса и верување... Харе Кришна движењето според светските сколари, е автентична духовна традиција дел од Ваишнавска традиција (Ваишнава е оној кој верува во Вишну или Кришна, врховниот Бог кој се открива себеси во разни делови од Ведите и ведската литература) монотеистичка религиозна традиција која својата филозофија ја темели врз Ведската литература (која не потекнува од браманизмот -
http://en.wikipedia.org/wiki/Brahmanism), посебно Бхагавад Гита (Божјата песна) и Бхагавата Пурана. Постојат четири школи во рамките на оваа традиција и една од нив е Брахма - Гаудија - ваишнавската школа (Харе Кришна движењето е само нејзината западна форма).
Точно е дека на западот доаѓа шеесеттите (65 -та) но тоа не значи дека е создадено во 20 век... Познато како ”Меѓународно друштво за свесност за Кришна” (ISKCON) затоа што западниот ум (за жал) не може да функционира надвор од некаков вид на организација или институција. Многу учења кои дојдоа од истокот во шеесеттите мораа да се институционализираат овој начин.
Но клетвата што секое духовно учење го стигнува кога тоа ќе се стави во рамки е што акцентот се става на формата а не на суштината. Тоа е случај со сите големи религии посебно со христијанството. Сакам да кажам дека негативни појави од различен вид (како што некои од вас ги имале) се неизбежни. Но дали тоа значи дека самото учење е погрешно , штетно... дали учењето на Синот Божји Исус Христос е погрешно поради тоа што инквизицијата или мисионерите го правеа во име на Бога. НЕ. Секогаш ќе постојат фанатици кои се нападни, манипулативни... секогаш ќе постојат луѓе кои се склони кон модификации на одредено учење, кои погрешно ја сфатиле, и логично, погрешно ја пренеле пораката. Но сте се запрашале некогаш како е ширено самото Христијанство.
Според Вашнавската филозофијата Бог може да се достигне преку процесот на бхакти јога (
http://en.wikipedia.org/wiki/Bhakti_yoga) или развивање на љубов кон Бог преку процесот на посветено служење, посебно преку пеењето на Неговите свети имиња. Контролата на сетилата и разбирањето на разликата помеѓу душата и телото се неопходни за разбирање на сопствената божествена природа. Харе Кришна маха мантрата е молитва чие значење е: ”О Господе, о Господова енергијо, Ве молам прифатете ме и вклучете ме во своја служба”. (Многу слична на ”Слава ти Господи, слава Ти бесмртен благослови ме мене грешен”) - види
http://en.wikipedia.org/wiki/Bhakti_yoga. Бхакти јога содржи многу универзални принципи кои ги сретнуваме во другите религии.
Но четирите принципи (кои гледам повеќето ги знаете и ве вознемируваат) се темелат на сфаќањето за разликата помеѓу душата и телото. Тие се основа за човек да почне сериозно да се бави со духовен процес (не мислам на одењето на црква или во некој хиндуистички храм на празници - тоа не е духовен живот, тоа е побожност). Се работи за едноставен принцип - човек да го прифати она што е поволно и отфрли она што не е поволно за духовен живот. Јадењето месо, алкохолот (воопшто интоксикацијата), коцкањето и сексот (со кој е преплавена западната култура) го врзуваат човека за материјалното, телесното и концептот „Јас сум ова тело”, „Јас сум уживателот”. Ваквиот поука ќе ја сретнете и кај античките филозофи, а камо ли кај религиите. Има и симболично значење, а тоа е дека секој од овие принципи се однесува на четирите темели на моралот (сомилоста, строгоста, чистотата и чесноста).
Секое живо суштество се дел од Бога и затоа е вечно и налик на Бога (квалитативно еднакво, како капката од океанот). Да за разлика од Христијанството, и животните и растенијата имаат душа и се заробени во кругот на раѓањето и смрта (наречен самсара) се додека со следењето на одреден пропишан процес не достигнат ослободување. Учењето за кармата и реинкарнацијата е нешто толку зборувано и е дел од речиси секоја индиска филозофска школа.
Би можел со денови да зборувам но и ова што го кажав е доволно (знам премногу е но што да правам). Знам дека не е едноставно да се сфати барем дел од оваа традиција, едноставно поинаку сме растени и воспитувани, но мора човек да се обиде да биде објективен. Живееме во промискуитетно општество, каде веќе нема морални норми и вредности
(мала дигресија - наскоро не би ме изненадило некои малолетници да тужат директор на некое училиште видејќи ги избрклал од школо поради снимање порно, бидејчи никаде во законот не стои дека снимањето порно во школо е недолично однесување).
Бесмислени се прашањата од типот „Што правите преку ден, кои ви се активностите” а предходно да се нема барем основно познавање на одредена (да речеме православната) духовна пракса. И нормално е да доживеете културен шок кога ќе ви одговори некој од Харе Кришна зошто е облечен во помаранџести чаршави и има избричена глава и некаков знак на челото. Нормално е дека во текот на разговорот ќе почувствувате дека другата страна е нападна и ви наметнува мислење.
А она за манипулацијата, екслоатацијата и контролата која се крие зад некаква духовност... е премногу тешко обвинување... и баш ме интересира како дојде до тој заклучок, бидејќи ако лично го немаш искусено, тогаш преиспитај се и подлабоко размисли дали секогаш да веруваш на тоа што ќе го чуеш (со твои зборови некој добро изманипулирал со тебе). Но затоа ќе речам, „мрази го гревот а не грешникот”.