Хаклаб КИКА бара помош

  • Креатор на темата Креатор на темата Bidikov
  • Време на започнување Време на започнување

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.681
Поени од реакции
744
Веб-сајт
vladislav.bidikov.com.mk
Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо земаме и пари :)

Кликнете на формата за да донирате.

kika.jpg


Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.
 
А каде може да се информираме за настаните кои слободно може да ги посетуваме ?
дали се чепка нешто од мрежи ? :)
 
Maxtor HDD 120GB ќе може да се донира? И така само прашина ми фаќа. Имам и едно рокнато напојување, чепкајте го :)
 
Јас имам некој електронски делови и сл. тракатанци... ако идам за Куманово на НСНД ќе ви ги донесам. И едно старо PC, цркната му е матичната... ако не се лажам кондензаторите му се онаквени, може да ги проверите и да му праите што сакате, само нема како да го макнам од Струмица до Скопје... здравје од Септември :)
 
А каде може да се информираме за настаните кои слободно може да ги посетуваме ?
дали се чепка нешто од мрежи ? :)

Да се чепка кога се има време. Се разбира доколку има интерес за мрежи може да се чепне нешто во секое време.

Околу другите информации, можеш слободно да се информираш на официјалниот блог на хаклабот : b10g.spodeli.org каде што објавуваме што и како ќе се прави и разгледува на настаните во таа недела.

Како и да е, трите статични настани остануваат секогаш отворени за секого :

Понеделник (19 - 21 часот) - Убунту Прва Помош
Четврток (19 - 21 часот) - Програмски Јазици
Сабота (12 - 19 часот, некогаш и до многу подоцна) - Сподели Знаење

ПС: Сликата е сликана на настанот „Мрежни Денови“ каде што се разгледуваа повеќе системи на динамично и статично мрежно рутирање.

HDD и графичка.

Да, би можеле да пробаме да извадиме/направиме нешто корисно од нив :)


Maxtor HDD 120GB ќе може да се донира? И така само прашина ми фаќа. Имам и едно рокнато напојување, чепкајте го :)

Се разбира, секаков вид на хардвер е добредојден. Само кажи ми кој метод на *подигање* ти највеќе одговара, може слободно да нѐ посетиш да видеш што и како правиме, или пак може некој од нашите членови да го подигне од кај тебе.

Јас имам некој електронски делови и сл. тракатанци... ако идам за Куманово на НСНД ќе ви ги донесам. И едно старо PC, цркната му е матичната... ако не се лажам кондензаторите му се онаквени, може да ги проверите и да му праите што сакате, само нема како да го макнам од Струмица до Скопје... здравје од Септември :)

Се надевам дека ќе се видиме на НСНД Куманово :)


До сите останати кои што се заинтересирани да донираат нешто или да допринесат, супер би било ако можете да ја пополнете формата за донации дадена на линкот во првиот пост и да наведете како сакате да го донирате тоа што го донирате, да го донесете сами или пак да дојдеме ние :)

Поздрав и искрено благодарам за интересот :)
 
Знам за идејава уште кога беше во зародиш. Не сум знаел дека сте се собрале! Браво! Секоја чест! Баш ќе наминам некој ден :)
 
Како што пишува погоре, _секаков_ вид на хардвер е добредојден :) Би ве замолил ако сакате да ја пополнете формата (прикажана во првиот пост) чисто за евиденција и во полето „Сакам да донирам“ плус да го наведете методот на донација (ќе дојдете или да дојдеме).

Поздрав!
 
Се разбира :) Тие „цркнатите работи“ во поголем дел од случаите се одличен извор на електронски компоненти. Што имаш на ум ? :)

ако ви треба матична ASUS K8U-X... имам една/ незнам дали е расипана или работи...
 
да видев нашкола имаше некој 15 стари мониторчиња црнобели, уште функционираат ама им држеа место колку шо знам сакаа да ги фрлат... да видам ќе ви кажам, ама од Охрид до таму... еее то не знам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom