WTA тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно број 1 на WTA листата достоен за местото, предводник на тенисерките. Квитова не успеа да се искачи на првото место, но драго ми е што со Рибакина тоа нема да биде случај. Сето тоа "зачинето" со Grand Slam титула, притоа победувајќи ја најголемата ривалка (која тешко дека ја потценила, едноставно Рибакина беше подобра) во финалето за освојување на истата.
Однесувањето на Сабаленка потполно непрофесионално, несоодветно, некоректно. Од фрлањето на рекетот уште пред поздравот на мрежа, до неговото подоцнежно кршење и, како кулминација, пцовката упатена кон камерманот. Кралицата на драмата конечно симната од врвот на WTA листата и тоа од тенисерка нa која тоа место, веројатно, најмногу и доликува, не само поради играта, туку и поради самото однесување на теренот и надвор од него. Непокажувањето емоции, смиреноста, повлеченоста мене лично најмногу ми се допаѓаат. За неупатените, на светов, покрај екстровертни, постојат и интровертни личности.
Вообичаено не го коментирам физичкиот изглед, но да се говори за Сабаленка како за "преженствена убавица", а од друга страна да се истакнува "неженственоста" на Рибакина ... Постои разлика помеѓу поимите "убава" и "згодна".
Околу "брцкањето" со тренерот (кое, во суштина, не би требало воопшто да не интересира) не би била ни прва ни последна тенисерка која е во врска со својот тренер. Квитова се омажи за својот тренер, Кис е, исто така, во брак со својот тренер.
На политиката веројатно не и место на овој подфорум, а на расизмот и на говорот на омраза, веројатно, не им е местото на ниту еден подфорум.
 
Последно уредено:
♀️ Женска конкуренција (WTA)

Guadalajara Open (WTA 500) & SP Open(Сао Паоло, WTA 250), овие турнири се играат моментално и траат до 19/20 септември.

Singapore Tennis Open (WTA 250) & Korea Open (Сеул, WTA 250), турнирите од азиската турнеја се играат следната недела, од 21 до 27 септември.
Џесика Пегула (ја предводи листата како прв носител), Мира Андреева, Аманда Анисимова, Елисе Мертенс

Во Сеул ќе се одигра турнир каде шанса ќе добијат тенисерките кои бараат пробивање во формата по Њујорк:
Људмила Самсонова (прв носител на турнирот), Ева Лис, Магда Линет
Меккартни Кеслер,
Ешли Кругер

China Open (Пекинг, WTA 1000), еден од најголемите женски турнири до крајот на годината започнува на 30 септември и ќе трае до 11 октомври.
Арина Сабаленка (светскиот број 1), Елена Рибакина (шампионката од УС Опен), Ига Швјонтек, Коко Гоф и Џесика Пегула, Наоми Осака, Аманда Анисимова, Белинда Бенчич.
 
Последно уредено:
Само претпоставив дека кривични дела би требало да не се дозволени ниту со форумските правила, со кои не сум запознаена Оттаму и прилогот "веројатно". И без грижа, свесна сум дека истите се дел од македонскиот "фолклор" и дека, за жал, многу веројатно, нема да се искоренат во догледно време. Не би сакала да сум целосно off topic, но, искрено, не следев тениски мечеви по завршувањето на US Open (освен церемонијата на доделувањето на трофеите во Гвадалахара, каде Ива Јовиќ ја одбранила титулата), па немам ништо посебно да додадам од она што веќе го напишав при претходниот коментар.
 
Сабаленка треба да земе нешто да не мисли толку на секс и да си ја поврати концентрацијата.
 
Да те викне на гости, да не сакаш?


Зафатена е Сабаленка, има емотивен партнер.
Сега ќе дојде период на домашните слави па Ронче нека ја покани на слава да му дојде Сабаленка. :)
Марта Костјук е слободна. И убавица е Костјук.
 
Изгуби Марта Костјук од Мариа Сакари на Вухан опен.
1 : 2 во сетови, после добиен прв сет со 6 : 4 за Костјук, следните 2 сетови со 6 : 2 ги освои Сакари.
 
Back
На врв Bottom