- Член од
- 2 април 2013
- Мислења
- 23
- Поени од реакции
- 50
Конечно број 1 на WTA листата достоен за местото, предводник на тенисерките. Квитова не успеа да се искачи на првото место, но драго ми е што со Рибакина тоа нема да биде случај. Сето тоа "зачинето" со Grand Slam титула, притоа победувајќи ја најголемата ривалка (која тешко дека ја потценила, едноставно Рибакина беше подобра) во финалето за освојување на истата.
Однесувањето на Сабаленка потполно непрофесионално, несоодветно, некоректно. Од фрлањето на рекетот уште пред поздравот на мрежа, до неговото подоцнежно кршење и, како кулминација, пцовката упатена кон камерманот. Кралицата на драмата конечно симната од врвот на WTA листата и тоа од тенисерка нa која тоа место, веројатно, најмногу и доликува, не само поради играта, туку и поради самото однесување на теренот и надвор од него. Непокажувањето емоции, смиреноста, повлеченоста мене лично најмногу ми се допаѓаат. За неупатените, на светов, покрај екстровертни, постојат и интровертни личности.
Вообичаено не го коментирам физичкиот изглед, но да се говори за Сабаленка како за "преженствена убавица", а од друга страна да се истакнува "неженственоста" на Рибакина ... Постои разлика помеѓу поимите "убава" и "згодна".
Околу "брцкањето" со тренерот (кое, во суштина, не би требало воопшто да не интересира) не би била ни прва ни последна тенисерка која е во врска со својот тренер. Квитова се омажи за својот тренер, Кис е, исто така, во брак со својот тренер.
На политиката веројатно не и место на овој подфорум, а на расизмот и на говорот на омраза, веројатно, не им е местото на ниту еден подфорум.

Последно уредено: