Wolfram Alpha - убиец на Google

  • Креатор на темата Креатор на темата Helo
  • Време на започнување Време на започнување
ова не го знаев до сега , интересно е иако не е пребарувач доста корисни работи се наоѓаат и каде каде поквалитетно од Google, бар јас така мислам
фала за информација :smir:
 
Во право сте до негде дека не си претставуваат конкуренција, но волфрам е малце понапред од гугл во една работа а тоа е дека користи семантичко пребарување.

Семантички веб е следна фаза на развој на интернетот и мислам дека ќе биде прилично интересна. Еве линк за што е семантички веб : http://en.wikipedia.org/wiki/Semantic_Web

Принц е во право дека волфрам не индексира, но тој ја користи неговата база врз која врши семантичко пребарување (гугл само пребарува по клучен збор а не и семантички). Идејата на семантичкиот веб сон е ако сите сајтови на светот користат РДФ формат додатно на дизајнот и информацијата на сајтот (РДФ е слично на РСС и др. технологии за споделба на вести/информации итн), и ако постои семантички пребарувач, ќе ни го олесни животот многу повеќе со тоа што пребарувањето ќе го врши компјутерот, а вие само селекцијата на информации:
Едноставен пример.
Барам Travel to Italy, место да ми дава сајтови каде се содржи тој термин во сајтот и наредени според некој си систем (во случајот на гугл, на кој на сите ви е познато), семантички пребарувач ќе даде резултати поврзани со бараното:
Ќе ми даде најефтина авионска карта од местото каде се наоѓам (според ИП или сетап на броусерот), ќе ми даде мапа на италија како волфрам слично, ќе ми даде други туристички информации, колку просечно пари ќе ми треба како за турист, статистики, итн. После од оваа точка можам да селектирам каде сакам да се движам (пр. од почетната информација на најефтина карта, сакам да видам алтернативи, па кликајќи на алтернативата ќе ми покаже и детали за авионските компании, нивна безбедност (според статистики) ....

Сето ова може да се одвива во недоглед, односно според тоа колку е паметен пребарувачот и колкава база има.

Секако дека семантик веб е сеуште како идеја, има и по некое конкретно решение но тоа се базира на внатрешни бази и информации.

Затоа и мислам дека се вика „волфрам ќе го убие гугл“. Нема да го убие но некојпат ќе сакате брза и прецизна информација, веќе изџвакана и преселектирана наместо вие да ја барате.

Edit:
Вака би изгледала иднината на пребарувачите со семантик веб :)
Enjoy!
 
^^
Одлично прикажано всушност Волфрам Алфа има огромни предности но сеуште не може да го достигне гугл, од многу причини, или подобро кажано сепак и не е реално да се спореди со гугл поради различна структура која ја преставуваат.
Но доколку гугл воведе семантика во пребарувањето тогаш веројатно ќе го направи под притисок од конкуренцијата :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom