Јас алудирав на тоа дека дебела женска со слаб дечко секогаш ќе биде поддржува од околината и дури ќе и се восхитуваат на тоа како имала храброст да си го фати (како овој да не знаел да бира или не одлучувал). А кога дебел дечко ќе фати слаба девојка одма тогаш се напаѓа како така таква убавица нашла да се заљуби у таков дечко и одма после тоа се носи закључокот дека е ваљда заради пари.
Ова е исто како да речеш повеќето мажи кога градат заедно сѐ од нула со една жена, она со нив штедела се жртвувала, имала доверба и сѐ и првото нешто што ќе го направат повеќето мажи откако ќе станат моќни, ќе си фатат швалерка. Не дека немало многу примери, ама не треба да се генерализира.
Ја мислам дека твојов муабет има друга заднина.
Има многу случаи кадешто индиректно главна причина за распаѓање на една врска е тоа што женското е за некој степен по - од машкото. Побогата, повисоко едуцирана, помоќна, па и попријатна за око.
Тој патријахат на некој начин му наметнал и ваков притисок на мажот. Мажи без цврст карактер и нетактични жени коишто го користат ова како оружје за моќ уништуваат заедница кога не сфаќаат дека секој всушност во сопствената позиција си е најмоќен. Нетактична жена во кризен момент ќе му спушти како да не била таа ќе бил пропалица ова она. Мажот, од друга страна, пак, ако е лабилен карактер како последица на овој муабет се осеќа инфериорно и тоа пробува да го поправи со докажување надвор, а тоа најчесто се манифестира преку изневерување што еродира до корен една заедница.
Затоа и јас порано бев Полиана, љубовта и добродушноста се најважни дрн, дрн, ама откако си ја научив лекцијата си сфатив дека сѐ си има своја хиерархија и (со секоја чест на исклучоци, што се речиси непостоечки на Балканов и меѓу народите со условно речено потопол менталитет) мажот е пожелно да биде барем едно скалило повеќе од жената, не дијаметрални разлики нормално. Поинтелектуален, ако не побогат барем со попрестижна професија, малку, едно скалило нека е, поработлив, повлијатеен, посоцијален и тн.