Мојата теза е јасна: Половите треба да бидат, и веќе се - рамноправни и еднакви во сите човечки и општествени права. Таканаречените борци за социјална правда не бараат еднакви права, пошто тоа е одамна постигнато (и надминато со позитивната дискриминација), туку „борциве“ бараат внимание и буткање на нивната агенда (културен марксизам, ама повеќе за тоа на крајот од постот).
Супер ти почна тезава, ама некако никако да се согласиме до крај. Вака сега, се согласувам дека борциве (но само дел нив) се очајни за внимание. Дури не негирам ни дека, најверојатно, голем дел од нив се поттикнати, на еден или друг начин, од разни политички структури. Што се однесува до моето мислење за нив, искрено не се согласувам ни со нивните екстремности. Но, мојот субјективен став за SJW како активна алатка на крајната левица и не е толку битен и релевантен како фактот дека половата (или по ново родовата
) рамноправност уште не е постигната во голем број земји, каде правата на жената и мажот се во голема несразмерност. И не зборувам само за избор на професија, ами избор на живот и слобода.
Но еве, би си пукала сама себе во нога и би истакнала дека човековите права воопшто и идејата за полова еднаквост се строго западњачки идеи чиешто наметнување врз се што не е западно е тешко да се одбрани од аспект на културен релативизам. Оти ние можеме да кубеме коси и да тврдиме дека женското генитално осакатување како пракса е ужасна и недозволива, но извесни култури имаат свои вредности кои не мора да се идентични на вредностите на западната цивилизација.
Ама читај ме повнимателно и не ме вади од контекст.
- секако дека е во ред е луѓето да бираат професии, не е во ред истите да им бидат наметнати, а гледаме дека со слободен избор жените бираат едни а мажите други професии - природна сегрегација според природните разлики
- тоа е реалноста, не е „дереџе“, не е проблем, туку „борциве“ за социјална правда прават проблем таму каде го нема - повторно, заради внимание и буткање на агендата на културен марксизам
- побогу дај некои соодветни примери, за професии важни за општеството - инжинерство, механика, војска, полиција, физички работи - кон тоа обично гравитираат мажите, а од другата страна едукација, социјални работи, медицина, итн, натаму гравитираат жените... ти спомнуваш мода и модни писти, најневажното нешто за напредокот и иднината на човечкиот вид
Ама не те вадам од контекст, затоа и употребувам мултицитати, за да биде поконтекстуално.
Ме праша за бирање, не за наметнување професија. Или превоспитувањето е сега наметнување, а кога беше само воспитување не беше наметнување? И пак, се согласувам дека природната сегрегација според природните разлики игра голема улога во формирањето на половите улоги, па и одредувањето и бирањето професија. Но, ти како да не сакаш да прифатиш дека значителен удел во оваа реалност имале и општеството, вредностите, културата, социјализацијата, воспитувањето...
А зошто соодветноста на примерите ја лоцираш во нивната важност за напредокот на човечкиот вид. Спомнав мода оти бев инспирирана од членовите над нас. Примерот е во секој случај соодветен оти ги зема предвид конретните прашања за кои дискутирам: слободно избрана/наметната професија, машки/женски професии, професија која историски е доминирана од едниот пол, свет на дизајнери (машки) и манекенки (женски).
Да не пишувам, штом не си запознаета со теоријата позади практичната агенда на нео-левицата тогаш еве едно видео каде суштината е објаснета лесно за разбирање:
Фала за видеото. Нема гајле, запознаена сум колку-толку со оваа теорија. Не ми се дискутираше за нејзината валидност oти комплексно е самото докажување на точната поврзаност на идеите на одредена школа со нејзиното влијание врз актуелни општествени збиднувања.