Ако двајцата прифатиме некоја физичка работа а јас можам истата да ја работам 8 часа на ден а ти 5 часа оти тоа е капацитетот на женското тело, дали треба иста плата да зимаме или различна ? Конкретно кај тенисов да сум како маживе ќе барам исто до 2 сета како жените чим еднаков награден фонд
Тоа е работа на норма/учинок, верувај не го сакаш тоа. Тоа е метод за на лента, во фабрика.
Цената на трудот ја одредува побарувачката, и понудата... Ова со барањата за израмнување на платите/функциите е противпазарно, пошто ако пазарот во некои дејности преферира мажи - тоа е последица од побарувачката/понудата. Мажите некои работи ги работат подобро, некои работи жените ги работат подобро. Следствено мажите имаат повеќе интерес за едни професии, жените за други.
На пример, во Скандинавија има голема слобода на избор на професии. Никој, без разлика дали е жена или маж (или еднорог/штогоде да му е фиксацијата), никој не е ограничен во правото да одбере професија. И сепак „стереотипите“ се задржуваат, мажите и таму како и секаде многу повеќе се одлучуваат за професии како инжинерство, механика, војска, полиција, секакви физички работи. Жените во Скандинавија, ги одбираат истите професии кои жените низ цел свет повеќе ги преферираат, едукација, социјални работи, медицина, итн, итн.
Секој може да мисли што сака, но фактите се јасни.
Ова што се форсира денес од „борците“ за социјална правда, е нелогично и неприродно.
И назад на тенисот, мажите играат поинтересен тенис. Пазарот не бара подолг меч, пазарот бара поинтересен тенис. Тоа што е побарано, е поплатено.
Sorry MAM
Pa ne, toa e realnosta. Nie sme hendikepirani
Не се работи за хендикеп, туку за разлики во физичките карактерстики на единките во видот.
Дисморфизам. Природа.
Тука е погрешноста на целиот тој пристап на „борците“ за социјална правда. Мажите и жените сѐ еднакви од аспект на права, но физички па и психички се различни. И тоа е сосема во ред, пошто тие различности се еволуирани за функционирање во тандем. Луѓето се мажи И жени, не мажи или жени. Едните не можат без другите, и обратно... Да е до „Дарвин“ овие „разбудениве“ ќе ги снема во краток рок од неколку генерации, самите ќе се отстранат од човечкиот вид - пошто нели, репродукција (односно недостаток од истата).