Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Што е работава,меминген-скопје 4 часа задоцнување???
 
Беа 3 часа, наместо во 16 часот, авионот од таму полета во 19 часот. Инаку проблем беше авионот од Скопје до Меминген, тој авион доцнеше 3 часа за полетување, па затоа и полетувањето од Меминген доцнеше 3 часа, бидејќи истиот авион (мислам дека е истиот авион) оди од Скопје до Меминген и потоа се враќа за Скопје. Сигурно сме се виделе на Аеродромот во Скопје. :D
 
Абе треба ли да се плаќа такса ако кабинскиот багаж за неколку сантима одскокува од условите за бесплатен кабински багаж?
Или дали можам да ризикувам па ако ми кажат дека не може да поминам,да ја платам таксата на лице место?

Одам на многу стриктен буџет па секој денар ми е важен.
Башка втор пат летам со сељачанава од Визаир па уште незнам на што сум.
Во Џерман Вингс на пример се тотално опуштени околу такви работи.
 
Последно уредено:

Ако вработените на аеородром забележат дека е малку поголем багажот ќе те натераат да го мериш во железните прегради (види доле на сликата). Ако го собира, се е ок, а ако не, ќе ти прават проблеми и ќе мора да доплатиш. Малата преграда е за бесплатен багаж, а во големата се мери голем кабински багаж кој се доплаќа 10 евра. Добар лет!

WizzAir_hand_baggage.jpg
 
Абе треба ли да се плаќа такса ако кабинскиот багаж за неколку сантима одскокува од условите за бесплатен кабински багаж?
Или дали можам да ризикувам па ако ми кажат дека не може да поминам,да ја платам таксата на лице место?

Одам на многу стриктен буџет па секој денар ми е важен.
Башка втор пат летам со сељачанава од Визаир па уште незнам на што сум.
Во Џерман Вингс на пример се тотално опуштени околу такви работи.

Баш убаво што ќе патуваш малку надвор од земјава, сигурно ќе има позитивно влијание. ;)
 
И јас ќе патувам само со овој бесплатен "багаж" со ранец :) Ме интересира дали можно е да носиш + една кеса , пример си купил нешто од аеродром или пред тоа ?
 
Се мора да ти биде во ранецот. Ако купиш нешто од Duty Free ќе мораш да го спакуваш во ранецот, бидејќи пред да влезете во авионот т.е. кога го предаваш билетот повторно те контролираат.
 
Nope. Работите купени на аеродром не се сметаат во вкупниот багаж.
Обавезно стави ги во кеса / торба од соодветниот duty free shop.
 
Некогаш зависи и од вработените на аеродром. Има некои кои стварно те тераат се да ставиш во еден ранец.
 
На таквите би им одржал лекција и би пишал e-mail до соодветната handling компанија, а богами и на авио компанијата за да знаат кој прави проблеми во нивно име.
 
Баш убаво што ќе патуваш малку надвор од земјава, сигурно ќе има позитивно влијание. ;)

Милион заебанции ми искочија за жал.

Значи нарачувам од Белград во евра на српска картица,летам од Скопје...и пополнив се што треба во делот на уплата и наместо одма да ми искочи делот за пријавување,искочи еден дел каде се бараа уште неколку цифри и валута на плаќање...и добро...и на крај пак наместо делот за пријавување ми се појави ова....

Некој знае бар малце за што се работи,каква точно лозинка се бара?
Секаква идеа плус ми е добродојдена.:D

7541556U.jpg

И јас ќе патувам само со овој бесплатен "багаж" со ранец :) Ме интересира дали можно е да носиш + една кеса , пример си купил нешто од аеродром или пред тоа ?

Имам носено кеса плус,не ми имаат правено проблем.
Ако налеташ на некој скот од вработените,ќе те тера све да ставиш во едно.
 
Последно уредено:
Милион заебанции ми искочија за жал.

Значи нарачувам од Белград во евра на српска картица,летам од Скопје...и пополнив се што треба во делот на уплата и наместо одма да ми искочи делот за пријавување,искочи еден дел каде се бараа уште неколку цифри и валута на плаќање...и добро...и на крај пак наместо делот за пријавување ми се појави ова....

Некој знае бар малце за што се работи,каква точно лозинка се бара?
Секаква идеа плус ми е добродојдена.:D

7541556U.jpg

Имам носено кеса плус,не ми имаат правено проблем.
Ако налеташ на некој скот од вработените,ќе те тера све да ставиш во едно.

Тука се бара дополнителна лозинка која ти самиот ја имаш одредено кога извршуваш плаќање преку интернет, со цел да се оневозможи неовластено користење на картичката. Значи над лозинката имаш „лична порака„ која служи како потсетник за лозинката. Кај тебе е внесено "My personal greeting". За лозинката не можам да ти помогнам, треба самиот да се сетиш. Овој тип на лозинки мора да содржи специјални карактери, комбинација од мали и големи букви, и бројка.
 
Луѓе едно прашање!? Сигурно знаете за wizz air маратонот што беше, па ме интересира дали некој знае за ваучерите што беа...е дали можат да се даваат на некој друг да патува со нив??? Поточно, сакам да земам од другарка и јас да си купам карта со попуст! Фала
 
Може, ваучерите не се поврзани со име, а ако најдеш два можеш и двата да ги искористиш со тоа што посебно ќе купиш карта за одење и посебно за враќање.
 
А број од wizz air skopje некој да даде за да проверам за сигурно!? Некој call центар имаат ли?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom