- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
Актуелизациjата на македонското прашање кон краjот на 19. век придонесе да го изложи своето становиште и англискиот државник Вилиjам Гледстон (1809 - 1898).
Гледстон низ целата втора половина на 19. век проjавувал огромно интересирање за Македониjа. Првите следи се во 1840-1860 год. кога бил секретар за колониjални прашања, а исто така и претседател на Трговската комора.
Поизразит интерес проjавил во времето на Кримската воjна 1853-56 година, кога тнр. "Источно прашање" станало предмет на разгледување на меѓународната дипломатиjа. Вo неговата преписка постои броен материjал посебно за односот на Русиjа кон ова прашање и за заштита на англиските интереси на исток.
Покраj тоа, Гледстон многу се интересирал за општата ситуациjа во Турциjа и за земjите под неjзиниот суверенитет. Како дел од тоj негов интерес биле и стопанските ресурси на Македониjа и трговските трансакции со неjзините производи. Така на пример во едно писмо од 1866 год. му се соопштуваат на Гледстон карактеристиките на макдонскиот тутун коj бил наjквалитетен и чиjа цена варирала.
Но наjголема улога во заштита на интересите на тнр. "jужнословенски" народи, а во врска со нив и на македонскиот народ, Гледстон одиграл во периодот 1875-80 година, и натаму. Тоа е времето кога започнала "босанската криза" од 1875 год., бугарските колежи од 1876 год., Руско-турската воjна од 1877-78 год., и револуционерното движење во Македониjа од 1878 до 1880 год.