Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
нема тука ништо одредено, пример маршал не мора да значи дека командува со повеќе војска од еден генерал. Пример имаш маршал кој командува со група армии - највисока воена здружена формација имаш исто и генерал кој командува со група армии. Или маршал кој командува со армија и генерал кој командува со армија.
Јасно. А сепак има ли маршали по светов во армии со бројност како ЈНА што имаше или све се по Кини, Америки и Русии?
 
Уште на почетокот на војната после настаните крај Норвешка, згаснаа амбициите на Германија за голема бродска флота.[DOUBLEPOST=1499620511][/DOUBLEPOST]
И како стана маршал?
Народот му го даде тој чин, односно звање, како почесен чин. (или барем така гласеше официјалното објаснување, а не дека народот е компетентен да дава чинови и звања)

Просто кажано - Ние решивме маршал да си го викаме бе, ни можете нешто?

Норвежаните го потопиле најновиот германски крстосувач со артилерија од 19.век или така нешто :)

Германија се спремаше за војна против русија не за војна против британија.
За да направат толкава флота, требаше да се откажат од многу тенкови авиони и артилерија.[DOUBLEPOST=1499620630][/DOUBLEPOST]
никогаш ниту имале желба да господарат со океани и мориња, нивниот интерес бил крајбрежјето. Ништо повеќе[DOUBLEPOST=1499620726][/DOUBLEPOST]
па општо земено не знам дали во некоја земја има школа за маршали. Тој чин се дава на команданти на армии (генерали) кои постигнале историски успеси во војна.
А тито ги исполнуваше тие општи услови.

Не баш, трката во поморско вооружување меѓу Британија и Германија пред Првата војна била една од причините за ескалација на состојбите, германците граделе огромна флота наречена Флота на отвореното море, намерата да се предизвика британската хегемонија била јасна, а таа флота била побројна и појака од американската, јапонската, француската, руската, во 1914. била само зад британската, на второ место во светот.

Во 1938 започнале со планот за изградба на огромна флота но некаде во 1941-2 тој бил укинат.
http://www.german-navy.de/kriegsmarine/zplan/battleships/index.html

Дури и кобилиците на првите два супер-бојни брода, многу поголеми од Бизмарк биле положени за градба.
 
Не баш, трката во поморско вооружување меѓу Британија и Германија пред Првата војна била една од причините за ексалација на состојбите, германците граделе огромна флота наречена Флота на отвореното море, намерата да се предизвика британската хегемонија била јасна, а таа флота била побројна и појака од американската, јапонската, француската, руската, во 1914. била само зад британската, на второ место во светот.

Во 1938 започнале со планот за изградба на огромна флота но некаде во 1941-2 тој бил укинат.
http://www.german-navy.de/kriegsmarine/zplan/battleships/index.html

Дури и кобилиците на првите два супер-бојни брода, многу поголеми од Бизмарк биле положени за градба.
Германија имаше свои прекуморски колонии пред прва светска војна тоа значи дека им требаше и морнарица за нивна контрола и одбрана, но никогаш не изградиле флота понадмоќна од англија која имаше многу поголеми прекуморски територии, ниту пак имале поголемо искуство во војна на море од англичаните
Германија е копнена држава, нејзини неприатели и ривали како и приатели и сојузници беа на копното околу неа, русија, австроунгарија италија франција.... така да или за војна или за снадбување, им беа побитни копнени патишта или мали мориња наоколу. Германија не зависеше од носење на роба или трупи како англија од канада австралија индија јужна африка северна африка... туку од блиски држави во окружувањето. Британија и за арно и за лошо зависеше од морските патишта.
Германците се обидоа да ја уништат британската воена надмоќ во првата светска војна но не успееа, не за да владеат со океаните тукиу да ја исфрлат британија од војна и ја принудат на мир. Секогаш приоритетите на германија им беа на копното.
 
За колонијална служба се употребувале мали бродови со малку посада, ги нарекувале слупови и топовници, многу ретко бил потребен поголем брод за нешто како Боксерското востание.
Британците имале многу пристаништа низ светот, познати се нивните China station каде што токму такви биле стационирани, сосема доволни за контрола на трговските рути.

Но Царот Вилхелм и министерот за морнарица Тирпиц биле занесени во планот за одсудна битка со Британија и преземање на контролата на море. Можеби биле свесни дека во евентуална војна Германија при немање силна морнарица ќе биде блокирана од море, нема да доаѓа железна руда од Шведска и Круповите фабрики ќе застанат.
Делумно тоа се остварило во првата војна кога 140.000 цивили умреле од глад во Германија поради блокадата. И тоа со огромна флота. А може да се замисли што би било доколку немале јака флота, војната ќе била готова многу побргу.

Германскиот адмиралштаб донел програма наречена Ризичната Идеја а тоа бил концепт на одсудна, огромна и одлучувачка битка помеѓу Флотата на отворено море и британската Голема флота (главнината на морнариците) при што германците сметале дека поради низа причини имаат шанса да направат пресврт на море со една, голема, одлучна победа.
Низа закони и програми биле донесени со цел Германија од непостоечка поморска нација да стане светска сила и да ја надмине Британија, за таа цел биле потрошени невидени пари. И успеале, во 1914 биле на второ место а во 1916 за малку што не ја оствариле нивната замисла, во најголемата битка според тонажа во историјата.

https://en.wikipedia.org/wiki/German_Naval_Laws

Во втората војна ја направија истата грешка иако само делумно, сепак потрошиле големи пари на градба на големи бродови, огромни концерни биле зафатени со лиење на оклопни плочи за наследниците на Бизмарк, еден од двата носачи бил завршен, тестиран и спремен, но не бил ставен во служба бидејќи планот Зед бил укинат.
 
И успеале, во 1914 биле на второ место а во 1916 за малку што не ја оствариле нивната замисла, во најголемата битка според тонажа во историјата.

https://en.wikipedia.org/wiki/German_Naval_Laws
Ги рачунаш ли и бродовите на британскиот комонвелт? или само британската морнрица?
пошто на британија и беа на располагање и бродови и бродоградилишта на канада австралија индија јужна африка....тие земји имаа додуше скромна сила пред првата светска војна но со почетокот, интезивно градеа бродови и борбени и трговечки за потребите на британија. Австралија имаше пред војната 3 тешки крстосувачи неколку лесни крстосувачи и разарачи,
 
Може и тие да се земат предвид но и онака не би промениле премногу, Австралија имале еден боен крсташ пре првата војна, се викал Австралија :), еден Нов Зеланд а за Канада бил граден еден модерен боен брод или пак бил запленет од тие што граделе за Чиле.
Пред втората, Австралија имала солидна морнарица ако се спореди со некои други во тоа време, но ако се земе непрегледното пространство на Пацифик и Индиски Океан каде што би делувале, не било доволно тоа.

Една чудна и неверојатна битка помеѓу германски камуфлиран рејдер Корморан, трговски брод опремен со тајни прегради за топови и торпеда кој служел како модерна варијанта на гусарски брод и австралискиот модерен крстосувач Сиднеј - неочекувано завршил со потопување на двата брода во меѓусебната битка, германците се претставувале како холандски брод и кога Сиднеј ги запрел за контрола Корморан им шибнал торпедо. И покрај тоа Сиднеј останал доволно време над вода за да го избуши Корморан доволно за да потоне, но за тоа време огновите од пожарот стигнале до муниционите комори на Сиднеј при што есплодирал и не преживеал ниту еден човек од него. Од Корморан преживеале 80% морнари.
 
Може и тие да се земат предвид но и онака не би промениле премногу, Австралија имале еден боен крсташ пре првата војна, се викал Австралија :),
At the outbreak of war the Royal Australian Navy consisted of the battlecruiser HMAS Australia, the light cruisers Sydney, Melbourne and Brisbane(under construction), the destroyers Parramatta, Yarra and Warrego, and the submarines AE1 and AE2.
 
Аустралија бил боен крсташ, капитален брод кој имал 20-тина илјади тони и топови од 305мм, тие биле варијанта на боен брод со нешто послаб оклоп, исто тешко вооружување но поголема брзина, затоа го наведов само него како значаен брод, овие другите се многу помали, 3 до 5.000 тони сосема друга категорија.
Разурнувачите биле потрошен материјал повеќе во тоа време, бротчиња од 800-1000 тони со 2-3 топа 76-120мм и две три торпедни цевки.

Цела приказна започнува од 1906 кога во вооружување на британската флота влегол Дреднот, првиот боен брод од новиот вид кој ги истиснал дотогашните бојни бродови од употреба. Имал унифицирано главно вооружување (10 топа од 305мм), драматично поголеми димензии од дотогашните, поголем брзина и радиус на дејство, оклопот бил сличен но подобро распореден, водонепропусни прегради и прегради за блокирање на оган, парните турбини ги замениле парните машини со тројна експанзија на пареата и со тоа бил направен голем чекор напред. Германија наредната година почнала да гради 4 такви нови брода со по 12 топа од 280мм, Британија пак започнала три бојни крсташи, најбрзи капиталци во тоа време во светот со 26 јазли и 8 топа од 305мм и трката продолжила се таму до 1916.
Според називот на првиот брод - понатаму сите капиталци од тој вид се нарекуваат дредноти а бродовите кои се градени пред нив се нарекуваат предредноти, за да се направи разлика.

Од тој момент па до 1941 бојните бродови и крсташи се кичмата на флотите и основен фактор на поморската моќ. Кулминацијата била појавата на мамутските но бескрајно јалови јапонски бродови од класата Јамато со 75.000 тони и 9 топа од 460мм и американските нешто помали но затоа многу подобро конципирани Ајова со 9 топа од 406мм кои подоцна биле значително модернизирани, дури стрелале и во војната против Ирак во 1991.
После 1941 тоа место го презема носачот на авиони и го праќа бојниот брод во док за сечење на старо железо.

Последни дредноти биле советски некои од почеток на 50-ти кога на Сталин не можеле да му објаснат или не се осмелувале дека такви анахрони чудовишта ќе бидат само магнет за бомби и торпеда и нема да преживеат многу по морињата но тој бил упорен и започнале да градат 3 огромни бродови кои после неговата смрт, за време на Хрушчов, тивко биле сторнирани и пратени за сечење за рециклажа :)
 
Не сум сигурен дека русите правеа такви бродови во 50 сетите
 
тешка крстарица е тоа не дрендот

Battlecruiser e боен крсташ, а тоа е дреднот, тонажа, оклоп, вооружување и слично.
Тежок крстосувач е многу помал брод од овој, 1/3 или 1/4 некаде.
Може русите да ги опишувале на нивен јазик поинаку па оттаму забуната.
https://en.wikipedia.org/wiki/Battlecruiser#Cold_War.E2.80.93era_designs
 
Поморскиот момент у II С.В. беше кој попрв ќе сфати дека поморските битки со носачи се добиваат и дека авијацијата пресудна улога има. Тоа после Мидвеј им стана и на врапчињата јасно.
 
Поморскиот момент у II С.В. беше кој попрв ќе сфати дека поморските битки со носачи се добиваат и дека авијацијата пресудна улога има. Тоа после Мидвеј им стана и на врапчињата јасно.

Точно, иако Мидвеј е кулминација, првиот сигнал, кој јапонците не пропуштиле да го регистрираат е следниов :
https://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Taranto

https://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Taranto#Influence_on_Pearl_Harbor
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom