StenmarC
Скијач
- Член од
- 24 март 2005
- Мислења
- 2.179
- Поени од реакции
- 50
Досега не сум бил изневерен - барем не сум фатил некоја од девојките на дело или не сум дознал од други дека цурата ме изневерила, но доколку тоа се случи мислам дека ќе биде крај. Зошто? Па не ме изневериле, но како и во секоја врска и во моите се наоѓало по нешто сомнително, по некоја нелогична постапка, која ме иритирала максимално. Сум се обидувал да го заборавам тоа, да поминам преку тоа и сум си викал „Ај бе не си праи филмови“, „Не можеш да обвиниш некого додека не си сигурен дека е виновен“ но „поминувањето“ не траело за долго. Кога едвај ги „простувам“ ваквите сомнителни ситуации и нелогичности, зошто би го простил неверството? Нема зошто. Колку и да ми биде тешко и да ја сакам личноста, нема да простам - барем така мислам дека ќе биде (во што сум многу сигурен) :icon_cool