Вртевме, вртевме... кај кого се падна паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
денес е „Василица“ - и денес се врти лепче со паричка
Вечерата за Бадник или Василица беше подготвена,
пресна риба со ориз,компот од суви сливи,кошниче со ореви,
суво грозје,леблебија, најразновидни бомбони,и среде софрата како сонце на животот,чудесното лепче со златното париче на среќата.
Домаќинот на повик од жена му седна на софрата,наеднаш како господар на својата судбина и со ќерката во скутот и молитва во устата свечено го раскрши бадничкото лепче.
Еден дел за бога,друг дел за куќата,добитокот,нивите и живината,трет дел за ќерката,четврт дел за жената му, и петиот дел за него.
На домаќинот рацете му треперат од допирот на топлото лепче и длабоко во душата осеќа страв од можноста паричето на среќата да го најде во своето парче.
Тој внимателно ја прегледа корката,ја раздроби средината речиси на трошки и воздивна олеснително.
И жена му призна дека среќата не е нејзиното парче.
И ќерката не го најде златното париче во своето лепче.
Го немаше ниту кај добитокот,нивите и куќата.
Го најдоа во парчето откинато за Бога.
Домаќинот кажа молитва и со треперен глас му се заблагодари на севишниот за безмерната чест што избрал парче леб од неговата софра,колнејќи се на верност и чесност до кога очи гледаат,уши слушаат,ум мисли и срце чука во градите.
Ќерка му и жена му го гледаа восхитено и сите ставија залак
во устата од бадниковото лепче.Вечерата може да почне.
Извадок од еден расказ на Васе Манчев-Залудни раскази
---------------------------------------------------------------------------------
Во ова виорно време за судбината на Македонија,
потребно е и едно парче од лепчето да поделиме за Македонија.
 
Ние фамилијарно го вртиме утре за ручек. Толку сум очаен да ми падни што дури и верник ќе станам ако падни кај мене.. I need that dough me brother xD
 
Мене и оваа година и лани ми се падна.

И демек среќа ќе носеше, од кога ми се падна паричката сè ми отиде во надолна линија. Ништо арно не ми се случило од тогаш, ама се тешам дека имам пред себе цела година. И лани исто беше, лани жими еден месец арно што видов.
 
Станавте ли народе.
Треба да се очисти пепелта од синоќешниот огин,
за Василица,море и од оној за Бадник каде не е се уште очистен,или ќе оставите ветер да го вее цела година.
Е, а таму кај што направивте огништа на тревната површина,
годинава трава нема да никне,море ни пиреј,иако се мисли дека е неуништив,тука ќе го нема долго време,поради вас.
 
Кај никого,мајка ми забораила да стави паричка во лепчето,или па од шо била мала некој ја проголтал :icon_lol::pos:
 
Со друштвото не ми падна мене, ама затоа лани ми падна, па кај мене беше организацијата :)

Со домашните, ми се падна мене, по баеги долг период.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom