yin yang
Who, me?
- Член од
- 24 април 2005
- Мислења
- 1.621
- Поени од реакции
- 32
Груевски иако се оградува од било каква одговорност во случајот со Сведмилк, сепак и тоа како ја сноси истата, поради потпишувањето на договорот со нив и промовирање на тој договор во својата предизборна кампања.
Како последица на целата збрка околу Сведмилк се случи и краткотрајната исплата на долговите кон сточарите, исто на само денови пред Председателските и Локалните избори:
Сточарите на Сведмилк добија 900.000 евра - Недела, 08 Март 2009 23:42
За набрзо после завршувањето на изборите да се дојде до побарување за покренувањето на стечајната постапка за Сведмилк:
Во Основниот суд Скопје 2 почна првото рочиште на кое ќе се одлучува по барањето за поведување стечајна постапка во млекарницата „Сведмилк“.
Во меѓувреме, беше и случајот со рацијата кај сточарот:
Полиција барала дрога и оружје во домот на фармерот Илиевски
кој тврди дека ова било исценирано поради тоа што бил вклучен во претестите на сточарите, во однос на долговите кои Сведмилк ги има према нив:
“Ова е притисок од власта за да прекинеме со штрајковите. Ние ги бараме нашите пари. Ова е тортура од власта. Но, нема да ме исплашат зашто сум чист. Можам да им дадам млеко и компири, но оружје во мојата куќа нема“, рече Илиевски.
Исто останува и како неразјаснет делот со долгот на Сведмилк кој е огромен:
Стечај за Сведмилк
Тутунска банка која има девет ипол милиони евра побарувања од „Сведмилк“ и хипотека на речиси целиот имот, ќе побара имотот да не влезе во стечајната маса. Доколку Судот го одобри тоа, банката преку извршител ќе спроведе лицитација за продажба на млекарницата.
Ова не е чудно за Македонски случувања, туку е типично за секоја предизборна кампања и пропаѓање на нашироко и надолго фалење за некој постигнат успех, кој набрзо после избори се покажува дека е неуспех и лага. Мене ме интересира до кога политички партии ќе играат со животите и егзистенцијата на Македонецот и до кога тој ист Македонец ќе биде само марионета во исполувањето на нечии цели за власт, моќ и пари?
И навистина ми е интересен фактот со недостигот на сите тие пари и долговите кои се набилдани до таван, а сето тоа додека секојдневно е продавано млекото на Сведмилк? Никаде не е спомената никаква залиха на непродадено млеко во кругот на фабриката? Значи, парите се земени, но каде отишле? Сигурно не испариле во воздух.
Нема ниту еден коментар, но затоа добив едно “црвенко“ за темава. Уште да ме удостои тој што ми го залепил, со коментар: Зошто “црвенкото“? Барем да ти го знаеме ставот
