Врска помеѓу атеист и верник

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување
Ако атеистот не е крстен, не се дозволува ни венчавка во црква. :) Треба да се крсти на стари години и да лаже дека Го признава Исус како единствен Бог на небото и земјата.. (или како и да беше)
Хахах ме потсети на еден мој пријател... цел живот некрстен(жена христијанка... колку го убедуваа со триста сили за венчавањето да биде во црква да се крсти он не попушти...) ама незнам што му стана сега требаше да биде кум и одеднаш(нели пак со доста убедувања) попушти сиротиот(сигурно на глава му се качиле па неможел да трпи веќе) и на 35 години он се реши да се крсти...:tapp: нит е верник нит некад се замарал со такви нешта... он ти е тврдокорен атеист... ама баш во права смисла атеист и ретки се тие појави... оти е голема мрза за да се замара за било што па затоа и е атеист не дека некад размислувал што преставува атеист или верник или нешто слично... многу чуден човек за ништо да не го интересира... ама ете им успева како така бракот со жената си имаат и дете и се... сепак на крај атеистите попуштаат :icon_lol:
 
Првиот е неверник,паган,еретик,а за вториот името кажува се!
Немаат никаква заедничка врска.Тамаам работа ако имаат
 
Единствен проблем кај долгорочна врска гледам во:
1) Земање во црква
2) Крстење на деца
Се друго може да биде компромис , попуштање , договор. Секој ќе си гледа за себе. А јас ден денес не можам да ја натерам баба ми да ми ги испере алиштата на празник. Туу што верничка ќе беше, не попушта..
Баба ти ти ги пере алиштата...?o_O
 
Брак помеѓу теист(зилот,ревнител) и атеист(фанатик) според мене не е возможен. Барем кога станува збор за традиционалните вери кои се присутни на овие простори(Православие, Римокатолицизам, Ислам).
Примери од реалноста:
1. Теистот сака да се венчаат в Црква, атеистот вели нема шанси.
2. Атеистот партнер сака да оди на викенд на некое место каде што нема црква, атеистот партнер бара по секоја цена да присуствува на неделната богослужба.
3. Теистот партнер пости од храна и брачни обврски.
4. Теистот партнер пали кандило и кади со темјан низ куќа атеистот му го гасни кандилото и му ја фрла на тераса каделницата.
5. Теистот бара да се крсти детето(ако умре дете некрстено постаро од 8 дена, родителите одговараат за духовно убиство), да го оцрковува, атеистот не дава.
6. Атеистот зема да работи во празник/недела доаѓа теситот и работата му ја акнува од глава. :)
Но помеѓу псевдотеист и/или псевдоатеист, какви што се минимум 95% од луѓето во нашата околина, можен е брак, зошто да не? Ќе си наоѓаат заеднички јазик и ќе попушта или едниот или другиот.
Јас, како теист, никогаш не би се оженил со (псевдо)атеистка ниту со теистка од друга вера (или конфесија).
Пффф, овие работи што ги наброја кај теистите ни поповите не ги прават по дома, а не пак оние кои се декларираат како верници.

Sent from my HTC Pyramid
 
Па ако оди во црква, пали свеќи, се крсти, а ваму е атеист, тој човек глуми верник. Такви сме повеќето, нажалост.
Тогаш тој човек не ниту верник ниту атеист, туку тежок лицемер .
 
Тогаш тој човек не ниту верник ниту атеист, туку тежок лицемер .
Па и јас мислам дека е лицемерно ама повеќето атеисти го прават тоа, за да се вклопат.


Во суштина доаѓаме до заклучок дека ако се работи за вистински верник и вистински атеисти кои ќе сакаат да си го живеат животот во склад со нивните уверување нема шанси да успее врска.
Ако се работи за луѓе што прават онака како што прави стадото, а нивните уверувања си ги држат до себе и тие не им сметаат во секојдневниот живот, тогаш нема проблем.
 
Тогаш тој човек не ниту верник ниту атеист, туку тежок лицемер .
Не е воопшто лицемерно. На некои луѓе им значи религијата, им значи да се венчаат во црква, да прослават празник.
Сељачки е да одбиеш да им го направиш кеифот на пријателите и блиските и да ги навредиш заради некои си (во примеров атеистички) убедувања кои во секојдневен живот најчесто не значат ништо.
Лицемерие е ако некој тоа го прави за (матерјална) корист.
 
Можна е многу добра комбинација.
Далеку попроблематична ситуација е брак меѓу два верници од различна религија.Или ќе станат атеисти со тек на време или ќе им е многу интересно :sneaky:

Моите дома се таква комбинација, и никад не ме замарале мене или сестра ми со нивните религиозни убедувања. Едноставно, оставија сами да одлучиме во што ќе веруваме или нема да веруваме. Јас сум атеист, сестра ми е верник. Без разлика што татко ми е атеист, секогаш сме кршеле лепче на Бадник, заедно сме ручале на Божик, сме фарбале јајца на Велигден. Него не му сметало, нарочито што како мали, за мене и сестра ми кршење со јајца беше жива радост - па вајда, нејкел да ни крши филм :)
Ми напрај филм каков ќе ми е бракот :D

А честа ситуација кај многу луѓе, особено брак на луѓе во средни години, наводно големи верници одат палат свеќи по цркви, слават слави и празници, постат и сите тие работи.И на крај ќе речат дека сме наследници на мајмуни...makes sence...
 
Што е битно кој е што....и така и верниците и атеистите се во заблуда....се додека го има спојот на V и /\ ќе си тера без проблеми.
 
Штета дури бев помал поради моето чудно име,сите ме прашуваат дали сум албанец или сум христијанин. :place:
И немав врска.
 
Бидува или не бидува?
И не зборам само за одење некое време него и за брак и се.
*едит: Заборавив да спомнам, не постои шанса едниот да го убеди другиот.

Ако сака да се венчаме во црква, ќе се венчаме во црква. Мене ми е сеедно. Ако сака дома да славиме празници, ќе славиме. Али не дозволувам на децата да им форсира верувања.
--- надополнето: 23 ноември 2012 во 01:22 ---
Штета дури бев помал поради моето чудно име,сите ме прашуваат дали сум албанец или сум христијанин. :place:
И немав врска.

Да не си ѓуптин?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom