Брак помеѓу теист(зилот,ревнител) и атеист(фанатик) според мене не е возможен. Барем кога станува збор за традиционалните вери кои се присутни на овие простори(Православие, Римокатолицизам, Ислам).
Примери од реалноста:
1. Теистот сака да се венчаат в Црква, атеистот вели нема шанси.
2. Атеистот партнер сака да оди на викенд на некое место каде што нема црква, атеистот партнер бара по секоја цена да присуствува на неделната богослужба.
3. Теистот партнер пости од храна и брачни обврски.
4. Теистот партнер пали кандило и кади со темјан низ куќа атеистот му го гасни кандилото и му ја фрла на тераса каделницата.
5. Теистот бара да се крсти детето(ако умре дете некрстено постаро од 8 дена, родителите одговараат за духовно убиство), да го оцрковува, атеистот не дава.
6. Атеистот зема да работи во празник/недела доаѓа теситот и работата му ја акнува од глава.

Но помеѓу псевдотеист и/или псевдоатеист, какви што се минимум 95% од луѓето во нашата околина, можен е брак, зошто да не? Ќе си наоѓаат заеднички јазик и ќе попушта или едниот или другиот.
Јас, како теист, никогаш не би се оженил со (псевдо)атеистка ниту со теистка од друга вера (или конфесија).